Loading изложби

« Сите изложби

  • This event has passed.

Изложба „Париски рефлексии“

март 18, 2022 @ 12:00 - април 30, 2022 @ 18:00

MKD100
Share Button

Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност.

Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20-от век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските поуки стекнати во регионалните Универзитети и Академии за ликовни уметности.

На изложбата ќе бидат изложени дела од основоположниците на македонската современа уметност: Димитар Пандилов Аврамовски, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски и автори од втората и третата генерација македонски едуцирани уметници во дела се чувствува влијанието на Париз: Томо Владимирски, Борко Лазески и Лена Стефанова.

Во еден селектиран, а концизен концепт и презентација, ќе се претстават најрепрезентативните дела од колекцијата на Националната галерија на РС Македонија, а воедно и ќе се даде пресек на самиот развој на модернизмот во македонската уметност од почетокот на 20-от век и преодот од фреско-живопис и иконопис, кон уметност на световни мотиви.

Изложбата е во заедничка организација со Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje.

Share Button

Информации

Почеток:
март 18, 2022 @ 12:00
Крај:
април 30, 2022 @ 18:00
Cost:
MKD100
Event Tags:
,
Website:
https://www.facebook.com/events/1513219332406894

Локација

Chifte Hamam – National Gallery of Macedonia
Bitpazarska
Skopje, MK 1000 Macedonia
+ Google Map
Тел.
+389(0) 2 3227-986