
Ongoing
Изложба на Симон Шемов „Мултиверзум“
„Сето време е сега“, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста. Вечноста не е физичко место, туку ментална состојба во која се размислува за секоја секунда од историјата како да се случува токму сега. Ова важи без разлика дали некој размислува за античка филозофија токму во овој момент […]
Повеќе »Миле Корубин во Чифте амам
Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин (роден на 28 септември 1922 година во Прилеп, а починал на 13 септември 2000 година во Скопје), еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се базични поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи за чувањето и заштитата на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна визија, мисија и функција […]
Повеќе »Митко Панов во Мала станица
Изложбата на Митко Панов ќе се отвори на 5 октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица. Изложбата на Митко Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност концептот е приказ на творештвото каде авторот е визуелен раскажувач. Митко Панов е посветен на своето творештво, во истражувањето на нови изразни форми, каде прави синтеза помеѓу класичните сликарски дисциплини, филмот и современите текови на идејата […]
Повеќе »20:00
„NOMEN EST OMEN“ на Колектив ЗЕРО
Изложба „NOMEN EST OMEN“ на Колектив ЗЕРО, која ќе биде отворена на 12 октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица, на Националната галерија. Од протозеро друштвото на почетокот на 80тите произлезе “Колектив Зеро” (нула, ништо, безначајност), која е формирана во 1985 година во ориенталниот амбиент и институциите на Старата скопска чаршија. Колективот Ø – Зеро, во 80-тите години на 20 век претставуваше парадигма за вонинстиуционално генерациско дејствување на македонската […]
Повеќе »


