Изложба на Владо Мартек во Чифте амам

Share Button

На 24-ти ноември 2015 година (вторник), во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена изложба на Владо Мартек.

PrintОГЛЕДАЛОТО НА МАРТЕК – Сетете се на уметноста

Поет и концептуалист, сликар, есеист (Загреб, 1951). Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори – Grupa šestorice autora), со уметнички книги, и aут принт (22 самиздати, летоци, плакати, разгледници). Од почетокот на осумдесеттите се занимава со сликарство, скулптура, графика, ленд арт. Пишува поезија, текстови и критики за ликовни практики. Објавил единаесет книги – од збирки поезија, збирки текстови и инсценирани фотографии, до книги есеи за современата уметност и две коавторски изданија на графички мапи.

Делата на Мартек се наоѓаат во музеи, галерии и приватни збирки, меѓу кои: МоМа, Њујорк; Лудвиг музеј, Виена; Модерна галерија, Љубљана; МСУ, Загреб; во збирката на Рене Блок, Берлин, Збирката на Ерсте банка, Виена, три дела од фазата на концептуалистичката практика се наоѓаат во збирката на Музејот Помпиду во Париз…
Живее и работи во Загреб и Ровињ.

Проектот е од ретроспективен карактер и ја искажува слоевитата поетика на авторот, нејзината севкупност, или уметничкиот случај на Мартек, кој опфаќа епизоди со поезија, сликарство, скулптура, акционизам, публикации од типот самиздат, како и авторски книги, оут принт во вид на летоци, агитации, разгледници, како и инсталации, амбиенти, колажи и асамблажи.

Print

На изложбата ќе бидат прикажани околу стотина дела.дела од седумдесеттите, осумдесеттите …се до оваа деценија со група рецентни творби реализирани во повеќе медиуми.

Куратор на проектот е Викторија Васева. Изложбата ќе биде поставена до 8-ми декември 2015 година.

Share Button