Изложбата „Соблечени, женскиот акт како контекст“ без свечено отворање
Прифаќајки ги препораките од Министерството за култура и Владата до институциите од областа на културата како и на организаторите на поголеми јавни културни настани, за соодветна превенција за запирање на ширењето на корона вирусот, за откажување на сите јавни собири до 6 март 2020 година, Ве информираме дека поставката на изложбата „Соблечени, женскиот акт како контекст“ ќе биде поставена и истата ќе може да се погледа од 5-ти март.
Информацијава се однесува за посетителите кои би сакале индивидуално да ја посетат изложбата.
Свеченото отворање на изложбата е одложено, и се планира за 10-ти март (вторник), во 19:00 ч.