Соработка меѓу Националната галерија на Македонија и Францускиот институт

Share Button

Националната галерија на Македонија во изминатите четириесетидвегодини откако постои Францускиот институт во Македонија е добар домаќин и подржувач на културната програма на институтот во рамките на деновите на франкофонијата.

NGM francuski institut

Како продолжение на долгогодишната успешна соработка директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старовa Ќерими оствари средба со директорката на Францускиот институт, госпоѓата Изабел Марки-Барбо и господинот Бранко Чобанов, аташе за култура.

Културата како архитект на мост единствен по својата природа меѓу две нации, а во пресрет на активностите за 2016 година, беше темата на дискусијата на која соговорниците ја потврдија и договорија континуираната соработка.

Share Button