Изложба „75 / 75“ по повод 75 години Национална галерија
Почитувани, Ве информираме дека на 19.7.2023 година (среда), во 20 часот, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена за јавност изложбата под наслов „75 / 75“. Со оваа изложба ги започнуваме активностите за одбележување на јубилејот 75 години од формирањето на Националната галерија. Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување на 75 ексклузивни уметнички дела – слики и скулптури. Селекцијата […]