Изложба на Александар Кондев – Фото приказна: „FRAUENKIRCHE – Проект во процес“
Проектот „FRAUENKIRCHE – проект во процес“ ја потенцира документаристичката страна на фотографијата, но во случајов користејќи ја можноста за континуирано регистрирање на повеќегодишната обнова на катедралата FRAUENKIRCHE во Дрезден, целосно уништена за време на сојузничките бомбардирања на овој град во последните месеци на Втората светска војна. Наспроти тоа, на граѓанска иницијатива на жителите на Дрезден, во осумдесеттите години на минатиот век започнува постапната реконструкција на оваа катедрала, врз основа на зачуваните планови и (преку посебна […]
Александар Кондев – Ретроспектива
Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, слободно може да се каже, највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес. Неговото безмалу педесетгодишно присуство во сите перипетии на македонската фотографија е важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас. По силата на нештата, но и заради јасно изразената љубов кон фотографијата, релативно […]
Ретроспективна изложба на Александар Кондев
На 4 ноември 2015 година, во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена ретроспективната изложба на фотографии на Александар Кондев. Куратор на проектот е Златко Теодосиевски. Изложбата ќе биде поставена до 22-ри ноември 2015 година. Златко Теодосиевски АЛЕКСАНДАР КОНДЕВ – СВЕТОТ КАКО ВИЗУЕЛЕН ПРЕДИЗВИК Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, […]