Интервју со Перица Георгиев – Пепси: Секој треба да се изрази себеси, без разлика дали е сликар или не
„Чувствувам сега дека во Македонија нешто добро ќе се случи, можеби ќе дојде нова креација од младите сликари, од младите уметници“, вели сликарот Перица Георгиев – Пепси, чија што неформална камерна ретроспективна изложба со наслов „И во огнот штом ќе запролети“ е отворена во објектот „Чифте амам“, при Националната галерија на Република Северна Македонија. На неа може да се видат седумдесеттина слики, меѓу нив и репродукции на мурали од групата „Зеро“ којашто завзема значаен дел […]