100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски

Драга публико, љубители на уметноста, колеги, медиумски работници… Пред да го најавиме последниот проект за 2024 година дозволете да изразиме благодарност за вашето внимание, посветено време и поддршка во успешната реализација на Годишната програма на Националната галерија. Посакуваме празниците да ги споделите во добро здравје, да ја пречекаме Новата 2025 во која повторно ќе ги исполниме вашите очекувања. За крај на тековнава година, во Даут пашиниот амам ќе одбележиме уште еден исклучителен јубилеј, 100 години […]

Јубилејна изложба „110 години од раѓање“ на Лена Стефанова

Национална галерија има особена чест и задоволство да ја најави јубилејната изложба „110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова. Изложбата ќе биде отворена на 20.12.2024 година во 19 часот во објектот Чифте амам. Голем предизвик е организирањето јубилејна изложба и одбележувањето 110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова. Јубилејните изложби секогаш се повод за констатација како нечие творештво на посебен и специфичен начин ја обележало својата епоха. Пишуваните текстови и аналитичките студии што […]

Јубилејна изложба „90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“

Ве известуваме дека на 21.12.2023 година (четврток), во Националната галерија, објект Даут пашин амам, во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“. Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања и анализи кои ги сумираме на едно место, односно негово критичко и […]

Јубилејна изложба „Иван Велков, 90 години од раѓањето“

На 4 март 2021 година, (четвртотк) во НУ Националната галерија (објект Чифте) амам ќе биде отворена Јубилејната изложба „Иван Велков, 90 години од раѓањето“. На изложбата ќе бидат претставени 90тина дела од сите творечки фази на Иван Велков, а истите се дел од колекциите на Националната галерија, Музејот на современата уметност, Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, НУЦК […]

Јубилејна изложба на Мартиноски во Даут пашин амам (поставка)

На 22 октомври 2013 во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам се отвори Јубилејната изложба на академскиот сликар и академик Никола Мартиноски – 110 години од раѓање и 40 години од смртта (1903-1973). Никола Мартиноски е автор кој заслужува повторно и по разни поводи да се навраќаме и да се потсетуваме за неговата историска улога и неговото место во создавањето и развојот на современата македонска ликовна уметност, како составен дел на националната култура […]