Изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“
Националната галерија на Македонија на 19.6.2025 година (четврток), во објектот Чифте амам во 20 часот ќе ја отвори групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“. Како што укажува и самиот наслов, овој проект се однесува на откупените и подарените дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва изложба од овој тип во рамките на активностите на галеријата. Претставувањето на аквизициите и донациите е редовна пракса во светските […]
„Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ во Мала станица
Тематската изложба „НГМ“ е програмска изложба од Годишната програма на Националната галерија, и ќе биде отворена на 7 септември, во Мала станица, со почеток од 13часот. На изложбата ке бидат изложени околу 80-ина дела во различни сликарски техники и скулптури кои се карактеризираат со буквална „секојдневност“ и „обичност“ на претставување на сцените, со задолжителна дискретна поента во постоечките елементи на драматика, сатира, дидактика, па се до вклучување на романтизам и сентименталност. Жанр-сцената го опфаќа човекот […]
Изложба “Икони XIV-XX век” од колекцијата
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 21 декември 2017 година (петок) во 19 часот ќе се отвори изложбата “ Икони XIV-XX век”. Во средината на дваесеттиот век во културното живеење во Македонија се јавува потреба македонската ликовна сцена да биде водена и поттикнувана од стручна институција во која би се презентирала и афирмирала македонската ликовна уметност. За таа цел била извршена адаптација, односно конзервација и реставрација на Даут пашиниот амам и истиот […]
Изложба од Конкурсот на Министерството за култура за откуп на ликовни дела
Министерството за култура на Република Македонија, Музејот на современата уметност – Скопје и Националната галерија на Македонија ќе ја промовираат изложбата на дела од Конкурсот на Министерството за култура за откуп на ликовни дела од областа на визуелните уметности за 2014 година, на 30 март 2015 година (понеделник), во 12 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам. Од пристигнатите 228 пријави или вкупно 605 дела, петчлената стручна комисија, направи селекција на 64 […]