Годишна изложба на основни училишта од град Скопје во Чифте амам

Во Чифте амам ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје … Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 мај 2014 година (вторник) во 13 часот ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје. Во соработка со ликовните педагози од Основните училишта во Скопје на тема Старата скопска чаршија и традиционалните занаети ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во една завршна изложба. […]

Бурим Укиќи изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на ден 10.12.2013 год. (вторник) во 19 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Бурим Укиќи. Изложбата ќе содржи 40-тина дела масло на платно. Бурим Укиќи дипломирал на Факултет за ликовни уметности при Државниот Универзитет во Тетово, насока сликарство. Продолжил на постдипломски студии во 2008/2009 година каде што во 2010 година магистрирал. Сликарството на Бурим Укиќи е магично, мистично, а истовремено реално, чисто, јасно, смирено. Како […]

Изложба на современи австриски уметници вечерва во Чифте амам

Почитувани, Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот ќе се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата ќе се отвори во среда, 10 јули, во 20.00 часот, во нашиот објект Чифте амам, а на свеченото отворање ќе говорат г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното […]

„Блесок“ на Нарциса Андреевска во Мала станица

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 2 ноември 2012 (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Нарциса Андреевска. Секоја нова средба со творештвото на Нарциса Андреевска буди нов предизвик и наметнува цела низа прашања што носат дилеми и, секако, со толкувањето на нејзините дела се добиваат одговорите. Сето тоа е изразено во маслата преку кои се обидуваме како посматрачи да впловиме во нејзината интима изразена со колоритот, […]