Годишна изложба на основни училишта од град Скопје во Чифте амам

Share Button

Во Чифте амам ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје …

plakat godisna izlozba osnovni ucilista

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 мај 2014 година (вторник) во 13 часот ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје.

Во соработка со ликовните педагози од Основните училишта во Скопје на тема Старата скопска чаршија и традиционалните занаети ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во една завршна изложба. Изложбата е со натреварувачки карактер за да се зголеми мотивацијата и интересот на учениците.

Целта на оваа изложба е подобрување на воспитно-образовниот процес во училиштата и презентирање во јавноста на индивидуалните и групните творби на најмладата популација од основните училишта во градот Скопје.

Национална галерија на Македонија

______________________________________

Фотографии од денешното отворање на Годишната изложба на основни училишта од град Скопје, во Чифте амам.

godisna izlozba osnovni ucilista cifte 11

Share Button