Јубилејна изложба „90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“

Ве известуваме дека на 21.12.2023 година (четврток), во Националната галерија, објект Даут пашин амам, во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“. Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања и анализи кои ги сумираме на едно место, односно негово критичко и […]

Ивана Пирковска со изложба во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 9 октомври 2015 година (петок) во 18 часот ќе се отвори изложба на Ивана Пирковска, со наслов Порака од твојот универзум во Македонскиот културен центар (или Gallery MC) во Њујорк, САД. Куратор на изложбата е кустос Маја Неделкоска Брзанова. Авторот Ивана Пирковска е родена 1988 година во Скопје, Македонија. Во 2011 година дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за ликовни уметности, на […]

(По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на НГМ во Ликовниот салон во Велес

Во организација на Националната галерија на Македонија, во Ликовниот салон на Народниот музеј во Велес, на 12 јуни 2015 година (петок) во 19 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската збирка се збогатува и со нови, современи дела, во значителен број од над 1700 дела. Акварелот како составен дел од […]

Изложба на црногорските уметници Ратко Одаловиќ и Сретен Милатовиќ

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 25 март 2015 година, во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на црногорските уметници Ратко Одаловиќ и Сретен Милатовиќ. На оваа изложба Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен […]

Словенецот Роман Уранјек во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 18 јуни 2014 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Роман Уранјек со наслов At Least One Cross A Day After 1.1.2002.   Роман Уранјек е реномиран уметник кој живее и работи во Словенија, еден од основачите на светски познатиот уметнички колектив IRWIN, дел од култната групација Neue Slowenische Kunst (NSK). Роман Уранјек почнувајќи од 1 јануари 2002 година (денот од кога еврото […]

Годишна изложба на основни училишта од град Скопје во Чифте амам

Во Чифте амам ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје … Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 мај 2014 година (вторник) во 13 часот ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје. Во соработка со ликовните педагози од Основните училишта во Скопје на тема Старата скопска чаршија и традиционалните занаети ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во една завршна изложба. […]

Изложба на Илија Кавкалески во КИЦ Софија

 Изложба на Илија Кавкалески со наслов Акварели во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија … Во организација на Националната галерија на Македонија на 29 април 2014 година (вторник) во 18.30 часот во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, ќе се отвори изложба на Илија Кавкалески со наслов Акварели. Илија Кавкалески – Кавкале целиот живот создава дела во кои се вткаени неговите емоционални чувства. Уметност искрена и чиста, ослободена од секаква […]

„Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф“ во Чифте амам

Изложбата на фотографии од главниот град на Жереми Бишолц, насловена како „Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф“, ќе биде отворена в среда 16 април 2014 во галеријата Чифте амам и ќе трае до 30 април 2014. Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија имаат чест да Ве поканат на отворањето на изложбата на фотографии на Жереми Бишолц „СКОПЈЕ НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА ЕДЕН МЛАД ФРАНЦУСКИ ФОТОГРАФ“. Во текот на еднонеделниот уметнички претсој во […]

Изложба “Париз, те сакам” – поставка

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 24 март 2014 година (понеделник) се отвори изложбата “Париз, те сакам”. На изложбата се претставени делата на 41 македонски уметници, кои со поддршка на Министерството за култура на РМ во текот на изминатите години имаа можност да остварат двомесечен студиски престој во „Меѓународниот град на уметностите“ во Париз, светската метропола на уметноста.

Ивана Пирковска во Чифте амам (поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 декември 2013 година (четврток) се отвори изложба на Ивана Пирковска со наслов „Илузија за простор-времето“. „Тоа што човекот прво ги насочил своите очи кон небото не било само за да ја задоволи интелектуалната љубопитност. Она што човекот всушност го барал во небото бил неговиот сопствен одраз и поредокот на неговиот човечки универзум.“   Ернест Касирер, „Есеј за човекот“ Простор, време, виртуелизација и негова ликовна сензација. […]