„Пејзажно искуство“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска во Чифте амам

По реализацијата на едно од најдобрите национални преставувања на 59то издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022, со проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Националната галерија, од 30 март, 19.00 часот истата ја претставува пред македонската јавност. Мултимедијалниот проект ќе биде поставен во објектот Чифте амам, а изложбата ќе ја отворат Министерката за култура, д-р Бисера Костадиновска – Стојчевска и Директорката на Националната галерија и комесар на проектот, […]

Покана за прес конференција за претставувањето на 59. Венециско биенале 2022

Почитувани, Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме не прес конференција по повод претстојното претставување на РС Македонија на престижната меѓународна уметничка манифестација 59. La Biennale di Venezia 2022. Прес конференцијата ќе се одржи на 7 април 2022, четврток, во објектот Чифте амам, во 13.30 часот. Проектот “Landscape Еxperience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, предложен од Националната галерија, е избран за официјален претставник на Република Северна Македонија на Биеналето во Венеција. Kомесар […]

„Везење во камен“ на Моника Мотеска во Чифте амам

Мултимедијалниот проект „Везење во камен“ на Моника Мотеска ги претставува најновите истражувања на уметницата. Проектот е комплексна инсталација која го анимира целиот простор на Чифте амамот, а се состои од неколку независни, но и меѓусебно поврзани визуелни дела во различен медиум, од најкласичните цртежи-слики, преку просторни реди-мејд објектни скулптури/инсталации, па се до видео и звучни дела/инсталации. Мотеска ја покажува својата ликовно-концептуална вештина пред се во класичните форми на визуелно изразување, а потоа и во предизвиците […]