Љубомир Милошески изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 декември 2013 година (вторник), во 19:30 часот ќе се отвори изложба на Љубомир Милошески. На оваа изложба Љубомир Милошески говори за уметникот како номад и го поставува прашањето – колку е битно местото на живеење за творење. Социо-човекот е преокупиран со мобилната телефонија, интернетот, културата, тој патува, гради… влегува во нова епоха, се преселува (мигрира), влегува во системот на миграции од сите сфери. Преку ова […]

Парк на уметноста во Националната галерија на Македонија (фото)

Фотографии од акцијата на воспоставување на Парк на уметноста. По повод Денот на дрвото – Засади ја својата иднина, која се одржа на 27 ноември 2013 година (среда) во дворот на Даут пашиниот амам во Националната галерија на Македонија. Во акцијата на создавањето на Паркот на уметноста учествуваа уметници, историчари на уметноста, екологисти и љубители на уметноста. Имено со акцијата на засадување на садници, инспирирана од творештвото на интерационални и македоски уметници (Јозеф Бојс, Јоко Оно и Џон […]

„Копнеж по реалното“ – комплетна поставка

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Ви ја претставуваме комплетната поставка. Изложбата ќе може да ја проследите и во наредните 30-тина денови.

Свечено отворање на изложбата на Демир Бељуљи

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 јуни 2013 година во 12 часот се отвори изложба на Демир Бељуљи. Во присуство на бројната публика, изложбата ја отвори директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши. Изложбата е во организација на Скопско лето 2013.