Изложба на Перица Геогиев „И во огнот штом ќе запролети“ во Чифте амам

Со изложбата во Национална галерија, неформална камерна ретроспектива на дела од периодот на неговото делување од крајот на минатиот милениум, Перица Георгиев-Пепси нѐ воведува во егзистенцијално-духовни прашања и ги бара одговорите за смислата на животот и философијата за сопственото постоење. Притоа, евидентно е прочистувањето на визуелната палета. Тој ги материјализира и ги презентира сите интимни состојби и ситуации што го провоцираат уметникот на креативен чин и се интегрираат во сложувалката на секојдневието, оставајќи метаризница на […]