Изложба на Решат Амети – 30 Години уметност
Националната галерија Ве информира дека во објектот Даут пашин амам ќе биде поставена ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 Години уметност“. Истата, за публиката ќе биде достапна од 28 октомври до 29 ноември 2020 г. Објектот за посетителите е отворен секој ден, освен понеделник, од 10 – 18 часот. Протоколот за заштита од Ковид-19 и понатаму останува задолжителен! Во почетокот на 90-тите години од минатиот век, Решат Амети сериозно се наметна […]
„Од традицијата“ изложба на Решат Амети
Изложбата ќе биде отворена на 2 септември 2017 год. (сабота), во 20 часот, објект Чифте амам. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими. Решат Амети е роден во Гостивар (1964), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1989 година во класата на професорот Ана Темкова, а дипломската работа ја одбранил кај професорот Ристо Калчевски. Добитник е на многу награди и признанија како наградата за сликарство „Лазар Личеноски“ […]
Изложба на Решат Амети по повод „25 години творештво“
Во ликовниот салон при Македонската академија на науките и уметностите во соработка со НУ – Национална галерија на Македонија на 7 Април (четврток) во 19:00 часот, финансиски поддржана од Министерство за култура на РМ ќе се отвори самостојната изложба на Решат Амети по повод “25 години од неговото ликовно творештво”. Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу Националната галерија на Македонија и Македонската академија на науките и уметностите преку презентирање на ликовните остварувања на истакнати автори […]