„Пејзажно искуство“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска во Чифте амам
По реализацијата на едно од најдобрите национални преставувања на 59то издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022, со проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Националната галерија, од 30 март, 19.00 часот истата ја претставува пред македонската јавност. Мултимедијалниот проект ќе биде поставен во објектот Чифте амам, а изложбата ќе ја отворат Министерката за култура, д-р Бисера Костадиновска – Стојчевска и Директорката на Националната галерија и комесар на проектот, […]
Покана за прес конференција за претставувањето на 59. Венециско биенале 2022
Почитувани, Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме не прес конференција по повод претстојното претставување на РС Македонија на престижната меѓународна уметничка манифестација 59. La Biennale di Venezia 2022. Прес конференцијата ќе се одржи на 7 април 2022, четврток, во објектот Чифте амам, во 13.30 часот. Проектот “Landscape Еxperience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, предложен од Националната галерија, е избран за официјален претставник на Република Северна Македонија на Биеналето во Венеција. Kомесар […]
Добитниците на Конкурсот на Националната галерија за зрел уметник и конкурс за млад уметник – 2020 ќе се претстават во Мала станица
Оваа година Националната галерија воведе нова содржина во Програмата, Конкурс за зрел и млад уметник, поддржан од страна на Министерството за култура. На 25 јуни 2020 беше понуден професионален повик за учество во Конкурсот, отворен за сите уметници. За победниците, како што беше објавено, обезбедени се средства за хонорар, за реализација и продукција на делата, пракса која одамна не се применува на македонската ликовна сцена, а е потврда на професионалност и респект кон влогот и […]