Проекција на видеоинсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ
Самостојно претставување на уметницата Тања Балаќ ќе се одржи на 19 мај, во 20 часот во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. Станува збор за мултимедијален проект – видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео. Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со наслов „Вкрстени знаци“ (“Crossing Signs”, 2023) оформен врз основа на ликовната подлошка […]
Ретроспективна изложба „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“
Ретроспективна изложба на слики, објекти, инсталации, видео арт и експериментални филмови на македонската уметница Тања Балаќ по повод 30 години творештво ќе биде отворена во 20 часот на 31 август, 2021 година, во Национална галерија, објект „Чифте амам“. На отворањето ќе биде промовирана и монографија со наслов „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“ со текстови на историчарите на уметност и ликовни критичари, Кирил Пенушлиски и Натали Р. Павлеска. Во текстот од монографијата посветен […]