Изложбата „Есенција на егзистенцијата“ во Цетиње

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 5 август 2016 (петок) во 20 часот во Народниот музеј на Црна Гора – Црногорска галерија на уметности `Миодраг Дадо Ѓуриќ` во Цетиње, Црна Гора, ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници. Истата изложба во јуни 2015 година беше отворена во галеријата Лауба во Загреб, а во декември 2015 година во Национална галерија на Македонија – Мала станица и […]

“Обичниот човек” на Жарко Башески (дела во простор)

Творештвото на Жарко Башески е изложувано во повеќе галерии и музеи, има остварено повеќе скулптури во јавен простор (Александар Македонски, Гоце Делчев, Даме Груев, Св. Кирил и Методиј…) и беше претставник на Македонскиот павилјон на 54-тото Меѓународно уметничко биенале во Венеција, 2011 година. Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хиперреалистичкиот приод во обликувањето на концептот на делото, кој во идејната проекција го надминува и хиперреализмот и говори за […]

Изложба на скулптури на Џелил Руфати во Мала станица

Во рамките на Скопско лето 2016, Националната галерија на Македонија е домаќин на уште еден настан, изложба на скулптури на уметникот Џелил Руфати. Отварањето на изложбата е на 07.07.2016 во 20:30 часот во објектот Мала станица.

“Обичниот човек” на Жарко Башески во Чифте амам

Долгогодишната успешна соработка на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност резултира со партиципација на Галеријата во рамките на манифестацијата Скопско лето. Така и оваа година, Проект од годишната програма на Националната галерија на Македонија ќе биде претставен на свеченото отварање и започнување на Скопско лето 2016. Отварањето на оваа манифестација ќе биде во храмот на уметноста, објектот Чифте амам, на 21 јуни 2016 година (вторник) во 20 часот. Жарко Башески е […]

Посета на амбасадорот на Перу за Македонија во Националната галерија

Во Националната галерија на Македонија, во мултимедијалниот центар Мала станица се одржа свечена средба меѓу директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и Н.Е. господинот Хозе Антонио Ароспиде Дел Бусто, амбасадор на Р. Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Романија. Повод за средбата е отварање на изложба на фотографии на 16.06.2016, четврток под наслов ˶Патот на Инките ̋ која Националната галерија на Македонија за прв пат ја организира во соработка со […]

“Happy Birthday 7.VIII.2014-6.VIII.2015” во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 13 јуни 2016 година (понеделник) во 20 часот ќе се отвори изложба на Горанчо Ѓорѓиевски насловена Happy Birthday 7.VIII.2014-6.VIII.2015. Модерниот свет, сега веќе поодамна, тргна по патот на технолошкиот и комуникациски развој. Последица, цел или причина на оној развој, а можеби и сето тоа заедно, е глобализацијата, која со своите алатки, рекламата и медиумската манипулација, креира промена на свеста на современиот човек поништувајќи една меморија и […]

Распоред на активностите од програмата на НГМ за јуни 2016

Распоред на активностите од програмата на Националната галерија на Македонија за 2016 година… Објект Мала Станица 25.05-07.06 ,,The day after” Куратор:  Ана Франговска Храната е дел од колективниот ум. Ние сме преокупирани со нејзиното производство, шармирани од нејзините производители и обземени со нејзината презентација. Храната стана идеал, дури и израз на културен копнеж за многу образовани урбани професионалци и културолози. Методи Ангелов и порано се занимавал со вклучување на храната во визуелното изразување, каде покрај вклучување на несвојствен […]

Изложба „Древниот сон“ на Тони Чатлески

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 1 јуни 2016 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Тони Чатлески со наслов Древниот сон. Во најновиот циклус на слики насловен Древниот сон, Чатлески ги бара одговорите за смислата на животот, при што е евидентно прочистувањето на визуелната палета додека филозофијата за сопственото постоење и живот е пренесена низ призмата на надреалноста на сонот. .Древниот сон ги материјализира и ги презентира сите […]

IX Младински пролетен салон

Фотографии од изложбата од IX Младински пролетен салон во Мала станица… Ова се делата од скоро отворениот IX Младински пролетен салон отворен минатата недела.

Разговори за уметноста „Уметноста и религијата“

Една од овогодишните програмски заложби на Националната галерија на Македонија како институција од национален карактер е унапредувањето на комуникацијата со македонската ликовна публика и со уметниците за сите актуелни прашања од современата ликовна уметност кај нас и во светот. Една од таквите нови форми на интензивирањето на оваа комуникација е разговорниот односно дебатниот проект едноставно насловен „Разговори за уметноста“, посветен на тековни настани од областа на ликовната уметност (не само) во Националната галерија. Во таа […]