Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ. На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во сукцесијата која и припадна на Република Македонија, а чиј што пат дотука воопшто не беше лесен. Овие дела, од наши […]

Групна изложба “Конекција 2” во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, на 1 декември 2016 година (четврток), со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена групната изложба “Конекција 2”. На оваа изложба со свои ликовни дела ќе се претстават авторите кои се од различни градови на Македонија: Зоран Мише (Охрид), Павел Целкоски (Охрид), Горан Тричковски (Делчево), Перица Георгиев (Скопје), Марјан Ѕин (Струмица), Иво Пецов (Виница), Слободан Милошески (Скопје), Маријана Иванова (Виница), Јана Луловска (Скопје) и Јовица Миленов (Делчево). Изложбата вклучува дела […]

Изложба „Омер Калеши – 55 години творештво“ во Чифте амам

Hа 01 декември 2016 година (четврток), со почеток во 12 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам, во Скопје, ќе се одржи свеченост по повод донацијата на ликовни дела од познатиот уметник Омер Калеши на општина Чаир. На изложбата под наслов „Омер Калеши – 55 години творештво“ ќе бидат претставни вкупно 24 подарени слики кои потекнуваат од најновиот творечки опус на авторот, а домашната публика ќе има можност да ги запознае веднаш […]

Работилница “Моето име, мојата боја” во Мала станица

Еднодневна ликовна работилница Моето име, мојата боја во Мала станица. На ден 28 ноември 2016 година, во новоотворениот детски едукативен центар на Национална галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде реализирана еднодневна ликовна работилница МОЕТО ИМЕ, МОЈАТА БОЈА на која ќе учествуваат ученици од основното училиште Даме Груев, под раководство на ликовниот едукатор Александар Таневски. Активноста е поврзана со Денот на знамето на Република Албанија, а го чествуваат и припадниците на албанската етничка заедница […]

Ретроспективна изложба на Спасе Куновски

Изложбата на Спасе Куновски (1929 -1978) ќе се одржи на 9 декември 2016 година во Даут пашиниот амам со почеток од 19 часот. …Tорзо од жена (црно торзо од кукла манекен), чиј површински текстил се расцепил и кај градите се „разголува“ фактура на дрво, а нозете од торзото, со подвезици. На едната нога сеуште стои прицврстена чорапа, а на другата – која исто така има дрвен инкарнат како градите – подвезицата е прицврстена со игла. […]

Изложба на Мифтар Мемети во Чифте амам

Во вторник, 1-ви ноември во 19 часот во Чифте амам, Скопје ќе имате можност да присуствувате на отварањето на самостојната изложба на Мифтар Мемети. На отворањето на изложбата со пригодна реч ќе се обратат директорот на Националната галерија на Македонија д-р Дита Старова Ќерими, господинот Фатмир Сулејмани декан на Филолошкиот факултет на Тетовскиот Универзитет воедно и близок пријател на авторот од детството и познатиот академски ликовен уметник и професор, господинот Решат Амети. Сликарството на маестро […]

Meѓународна групна изложба „Набљудување без набљудувач“

Во понеделник, 17 октомври во 19 часот, Чифте амам, Скопје имате можност да присуствувате на отварањето на Меѓународната групна изложба „Набљудување без набљудувач“ е поставка составена од дела во коишто како мотив и „објект“ се појавува присуството на човекот, телото, фигурата и телесноста, и нивните „модификации“ од аспект на уметнички промислувања и авторски перцепции. Самите дела, освен субјективниот контекст, ги изразуваат и социо-културолошките актуелности/опкружувања од кои овие „теми“ се извлекуваат и креираат. „Тематската“ определеност на […]

Изложба на Славица Јанешлиева „Состојби“

На ден 13.10.2016 година (четврток), со почеток во 20 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, мултимедијален центар Мала станица, ќе биде отворена самостојната изложба на Славица Јанешлиева под наслов „Состојби“. Во најновиот проект Јанешлиева со за неа препознатлив директен и симболичен критички јазик се осврнува на контроверзните појави во општеството на глобално и локално ниво. Реакциите, дилемите и ставовите кои се однесуваат на актуелните теми и состојби што го креираат секојдневното (не)функционирање на општеството, […]

Изложба на Гордана Вренцоска Неизложено: моите споредни приказни

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 октомври 2016 година, во 20 часот ќе се отвори изложба на Гордана Вренцоска со наслов Неизложено: моите споредни приказни. Во eрата на сеопшта изложеност и откривање на приватноста, широкиот свет на уметникот e сепак најмногу видлив низ потесната призма на неговите јавно изложени дела. Но, како е да се изложат „споредните приказни“ од возбудливиот и непрекинат уметнички процес? Неизложено: моите споредни приказни е составена од […]

„Низ огледалото“ на Санјонг Ли од Јужна Кореја во Мала станица

„Низ огледалото“ е насловот на најновата самостојна изложба на Санјонг Ли од Јужна Кореја, со која таа се претстави пред македонската публика. Изложбата се отвори на 3 август во 20:30, во Националната галерија на Македонија во објектот Мала станица во Скопје и траеше до 29 август. Санјонг Ли е родена во 1975 година во Ченгџу, Јужна Кореја, каде живее живее и работи. Во 2001 дипломира на Националниот универзитет во Чунбук, на одделот за ликовна уметност, […]