Изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“
Националната галерија на Македонија ја подготвува јубилејната изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“. Одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997), еден од најинвентивните македонски скулптори, чие творештво е особено важно за еволуцијата на македонската скулптура, е во сообразност со задачата на Националната галерија да ги чува и презентира најсеопфатно можно достигнувањата на најзначајните македонски уметници земајќи ја предвид улогата што ја имале во создавањето и трасирањето […]
Трајче Чатмов – „Религија, митологија или слободна мисла“
Фигуративниот експресионизам и магичниот реализам на Трајче Чатмов (меѓу митологијата, религијата и историјата) Ликовната алегоричност и на Трајче Чатмов: Трајче Чатмов (Скопје, 1971) е еден од водечките современи македонски сликари. Неговиот ликовен корпус од последниве две-три години (2023 – 2025) импресионира со: (а) бројноста и квалитетот на насликаните и изложени дела, што покажува дека Чатмов е плоден автор кој се движи по самиот врв на своето творештво; (б) тематското богатство кое се движи во широк […]
„Човечка фигура“ на Сејди Капланај – изразување на човечкиот диверзитет преку сликарството
Ве известуваме дека на 03.04.2025 година во 19:00 часот, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена изложбата на Сејди Капланај „Човечка фигура“. Сејди Капланај е ликовен уметник од Косово (1956). Дипломирал и магистрирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Приштина под менторство на Муслим Мулиќи. Претставник е на апстрактниот експресионизам од 80-тите до денес. Неговиот најнов циклус слики во акрилна техника „Човечка фигура“ ќе биде претставен во објектот Чифте амам со 40тина дела во […]
Љуљзиме Лека Муљаку во Чифте амам со циклусот „Метаморфоза II“
Почитувани, Ве известуваме дека на 02.04.2025 г. (среда), во 19.00 часот, во Чифте амам ќе биде отворена самостојна изложба на Љуљзиме Лека Муљаку со наслов „Метаморфоза II“. Љуљзиме Лека Муљаку припаѓа на современата уметничка сцена и ја претставува генерацијата уметници кои својата дејност ја започнале со визуелен израз од 90-тите години. Таа ќе се претстави во Националната галерија со 50 слики од различни формати, интересен циклус со дела изработени во акрилна техника. Изложбата „Метаморфоза II“ […]
„Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ во Чифте амам
Почитувани, Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена за јавност изложбата под наслов „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“. Оваа изложба претставува селекција на педесеттина дела (слики и скулптури) на едни од најрано прибавените експонати за нашата колекција, вклучително и исклучително вредни дела, од кои голем дел биле претставени и на првата постојана поставка од формирањето на галеријата. Овој избор е само мал дел […]
Годишна програма за 2025 година на НУ НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Оваа програма е дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам на РС Македонија која е поддржана со вкупен буџет од 4.650.000, 00 денари, од кои за Визуелни уметности, архитектура и дизајн, 1.320.000,00 за меѓународна дејност, 2.910.000,00 за музејска дејност, 400.000,00 за инвестиции. Средствата ќе бидат наменети за реализација на програмските активности во музејско-галериската дејност, заштита и конзервација на движното културно наследство, како и промоција на македонската модерна и современа уметност во светот. […]
Годишен план за спречување на корупцијата за 2025 година
Националната галерија во функција на продолжување на борбата против корупција и судирот на интереси, го изработи овој програмски документ во кој се апострофирани значајни компоненти, кои треба да се спроведат во тековната 2025 година.
Годишен извештај за 2024 година за информации од јавен карактер
Годишен извештај поврзан со информации од јавен карактер за 2024 година, на Националната галерија. Погледни 1. Тука 2. Тука
100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски
Драга публико, љубители на уметноста, колеги, медиумски работници… Пред да го најавиме последниот проект за 2024 година дозволете да изразиме благодарност за вашето внимание, посветено време и поддршка во успешната реализација на Годишната програма на Националната галерија. Посакуваме празниците да ги споделите во добро здравје, да ја пречекаме Новата 2025 во која повторно ќе ги исполниме вашите очекувања. За крај на тековнава година, во Даут пашиниот амам ќе одбележиме уште еден исклучителен јубилеј, 100 години […]
Башким Меџити „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“
На крајот од 2024 во атмосфера на загревање на претпразнично расположение со задоволство ве информираме дека на 16.12.2024 (понеделник), во 19 часот ќе се отвори изложбата на ликовниот уметник и професор Башким Меџити во објектот Чифте амам на Националната Галерија. Изложбата претставува одбележување на 30 годишното творештво на академскиот сликар Меџити и носи наслов „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“. Сликарскиот опус ќе го претставиме со седумдесетина слики изработени во комбинирана техника, акрил […]