Слободен влез во објектите на Националната галерија еднаш месечно

НУ Националната галерија на РСМакедонија ги информира своите верни посетители, дека еден ден во текот на месецот ќе можат бесплатно да не посетат. Секоја последна СРЕДА во месецот ќе можете да ја посетите Националната галерија без за истото да платите влезница. Еве го списокот на дати со бесплатна посета.

Изложба „Процут на женственоста“ во Чифте амам

На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената. По овој повод Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба со посвета на овој ден и воедно, испраќа честитка до сите […]