Изложба на Јана Луловска „Natura in Vita/Vita in Natura“ во Мала станица

На 22 Септември, со почеток во 20 часот, во Национална галерија на РС Македонија, објект Мала Станица, ќе биде отворена самостојната изложба на Јана Луловска со наслов Natura in Vita/Vita in Natura.  Кон изложбата Natura in Vita/Vita in Natura на Јана Луловска Ана Франговска, куратор На македонската ликовна сцена во последните години станува се поактуелна работата со дискурзиви на екологијата и заштитата на животната средина, што укажува на фактот дека уметниците се моќна алатка во освестување и […]

Изложба “Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ во Мала станица

Тематската изложба “Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ е програмска изложба од Годишната програма на Националната галерија, и ќе биде отворена на 7 септември, во Мала станица, со почеток од 13часот.   На изложбата ке бидат изложени околу 80-ина дела во различни сликарски техники и скулптури кои се карактеризираат со буквална „секојдневност“ и „обичност“ на претставување на сцените, со задолжителна дискретна поента во постоечките елементи на драматика, сатира, дидактика, па се до вклучување на […]

Разговор со уметникот – Дриант Зенели

Разговор со уметникот, 30 август 2022 година, во 18:00 часот, Чифте амам Почитувани, Со особено задоволство Ве информираме дека на 30 август 2022, во 18.00 часот, во објектот Чифте амам ќе се одржи разговор со уметникот Дриант Зенели, по повод неговата тековна изложба „Трилогија: Под површината има уште една површина“, на која заинтересираната публика ќе има можност да се запознае со творечкиот развој на овој меѓународно афирмиран автор, неговите уметнички концепти, интереси, истражувања и реализации. […]

Изложба на Кирил Гегоски – Апотеоза на пределот

Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па се до денес се одликува со минимализам и редуцирана симболика, префинет вокабулар и отсуство на какви било непотребни детали во третманот на сликата, уметнички израз исполиран до последниот детаљ, што може да се сфати како производ на воздржаниот, но софистициран фокус на авторот за потенцирање на суштината на нештата, беспрекорната реализација, а пред се со извонредно чувство и познавање на својствата на материјалите што ги користи.   […]

Изложба на Луан Мулиќи – ЕРОС

Еротската уметност е широко поле во визуелните уметности, вклучително и скулптурата како уметничко дело, но и усната и пишаната култура воопшто. Еросот како тема, мотив или лајтмотив се јавува уште од Епските песни, со фигуративен слој, особено во народните лирски фолклорни песни, кои се познати како љубовни песни од сите краишта. Исто така, експлицитно се појавува и во романтичната литература, кај Де Рада (Песните на Милосао), подоцна кај Чајупи па сé до албанската модерна литература, […]

„Трилогија: Под површината има уште една површина“ – Изложба на Дриант Зенели во Чифте амам

Изложбата „Трилогија: Под површината има уште една површина“ е мултимедијален и интердисциплинарен проект на познатиот албански уметник Дриант Зенели, кој се состои од три видеа (инсталации), цртежи, ready-made објекти и просторни инсталации.   Елементот што ги поврзува филмовите е минералот хром. Во едно од видео-делата со наслов „Не би било возможно да се напушти планетата Земја доколку не постои гравитација“, Зенели работи со идејата за утопии и дистопии од минатото, но и од сегашноста. Зборува […]

Иванчо Талевски со „Пресек: Дама со девет камења“ во Чифте амам

За време на топлите, скопски, јулски денови имаме понуда на културна програма, повторно во Чифте амам. Станува збор за мултимедијален изложбен проект на ликовниот уметник Иванчо Талевски со наслов „Пресек: Дама со девет камења“. На отворањето, закажано за 8 јули 2022 г (петок), во 20 часот, ќе се обрати директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими. Свежината на амамот и оваа изложба ќе можете да ги доживеете заклучно со 30 јули 2022 година. Пресек: […]

„Патот на свилата“ на сплотеноста и културното разбирање

Во својот богат творечки опус Калеши до крајот на животот останува доследен на своите корени. Фокусирајќи се на ликот на обичниот човек, нагласувајќи ја главата, како симбол на човековиот дух. Човек кој го бранеше достоинството на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања, наспроти наметнатите разединувања. Калеши секогаш беше присутен во Македонија и чувствуваме дека токму овој период треба да биде моментот со кој ќе му оддадеме почит за сето културно наследство кое ни […]