Изложба „Париски рефлексии II“

Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје, во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата, со особено задоволство го најавува второто продолжение на изложбата под наслов „Париски рефлексии“. Изложбата која го носи предзнакот 2, ги претставува делата на втората генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани во центарот на светската уметност – Париз, по што извршиле влијание врз развојот на […]

ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2022

Централниот настан на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2022 и ОСТЕН АРТ ФЕСТИВАЛ Скопје 2021/22 се одржа на 22 февруари 2023 во Националната галерија на Р. С. Македонија – Чифте aмам, со голема изложба на дела од речиси 160 меѓународни уметници од повеќе од 40 земји. Истовремено, беа изложбени наградените и селектираните карикатуристи од 54. Светска галерија на карикатури Скопје 2022, а на наградените уметници и карикатуристи присутни на настанот им беа врачени награди и […]

„Мајчинство“ – Изложба по повод празникот на жената во Чифте амам

На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената. Меѓународниот ден на жената – светскиот празник 8 Март оттогаш се чествува секоја година. По овој повод Националната галерија, веќе традиционално, организира тематска изложба […]

„Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на Нехат Беќири

„Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник Нехат Беќири. Особено задоволство е да се биде организатор и домаќин на проект во кој се сублимирани години работа, истражување и личен развој на полето на ликовниот израз. Станува збор за „Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник и универзитетски професор Нехат Беќири. Изложбата ќе биде поставена во објектот Чифте амам, а на отворањето закажано за 22 декември 2022 (четврток), во 19 часот, кога […]

Уметничката група XXL во Мала станица

На програмскиот календар на Националната галерија, 15 декември е термин предвиден за официјалното претставување на уметничката група XXL и oтворањето на изложбата е закажано во 18 часот. Националната галерија на Република Северна Македонија (Мултимедијален центар „Мала станица“) ја претставува групата XXL, создадена во 1994 година, во Софија. По децениско меѓусебно непознавање (или делумно познавање) на тековните процеси во уметноста на двете земји, оваа изложба ја гледаме како уште еден чекор кон трајна соработка во областа […]

Дренуша Палоши со „Симфонија на бои во пентаграм“ во Мала станица

На 15 декември 2022 (четврток), во Мултимедијалниот центар Мала станица, во 19 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „Симфонија на бои во пентаграм“ на ликовната уметница Дренуша Палоши. Истата ќе биде достапна за публиката до 25 декември 2022. Пентаграмите во сликите на Дренуша се претставени како потпорен и заштитен столб на колоритот и фракциите на добиените нијанси. Преклопувањето на боите по определен редослед создава мелодија која не е композитно комплицирана, но која визуелно се […]

Завршна изложба на инклузивниот проект “Замисли желба”

На 14 ти декември 2022 (среда), во 13 часот во просториите на Чифте амам заокружуваме инклузивен проект и Ве каниме да бидете дел од нашата приказна насловена „Замисли желба“ Во годината што изминува и која полека си ги пакува куферите со сите наши достигнувања станавме посигурни и поискусни во она што го работиме, но и посвесни и поодговорни за Светот околу нас.   Едукативното одделение на Националната галерија изминатиов период организираше креативни работилници со тема […]

Замисли желба

Националната галерија на Македонија на крајот од годината во месеците октомври и ноември го реализира проектот под наслов „ Замисли желба“. Станува збор за креативни работилници за изработка на лампиони и други декорации од мали парчиња текстил кои се остатоци од кроење или се неупотребливи од други причини. Материјалите за изработка на лампионите како и други помошни материјали, овој пат беа донирани од модната куќа „Бела“. Истите се реупотребуваат, редизајнираат и се претвораат во оригинални […]

Ретроспективна изложба на Теофил Шулајковски Тофе во Чифте амам

На 15ти ноември 2022 (вторник) во Националната галерија, објект Чифте амам, со почеток во 20 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе Потегот со четка – налик на две трепкања со очите (кон ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе) Појдовен момент за организирање на изложба која има ретроспективен предзнак и е посветена на Теофил Шулајковски – Тофе (Дебар, 1934– Скопје, 2009), наш еминентен ликовен автор, е фактот што тој е […]

Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени

Наскоро Фондацијата World Press Photo и Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонскиот центар за фотографија и Националната галерија претставуваат избор на приказни, наградени на натпреварите на World Press Photo од 2000 до 2021 година, кои ја истакнуваат отпорноста и предизвиците на жените, девојките и заедниците ширум светот.   WPP-Resilience-booklet-Macedonian-download   Оваа изложба ја афирмира посветеноста на Холандија на правата на жените и родовата еднаквост и правда, истражува како женските и родовите прашања во […]