Ад Астра вол.2 на Валмир Азири во Мала станица
Ад Астра вол.2 во Националната галерија во просториите на „Мала станица“ во Скопје! Отворањето на изложбата е во четврток, 8 јуни 2023, во 19 часот, повелете! „Состојбата на создавање е состојба на фиксација. Додека не сме почнале сме опседнати, кога не сме завршиле сме опседнати“, вели големата руска поетеса Марина Цветаева во нејзиниот трактат „Уметноста во светлината на совеста“. Валмир Азири продолжува да биде „обземен“ од бесконечноста на хоризонтот кон кој тој држи чекор во сложено патување и надворешно и внатрешно. Во […]
Владимир Темков – Ретроспективна изложба во Чифте амам
Пред почетокот на летниот период го најавуваме 40-годишниот ретроспективен опус на Владимир Темков во Чифте амам. Отворањето на изложбата е закажана за 31 мај 2023 (среда), во 20 часот. Владимир Темков е присутен на македонската и тогашната југословенска ликовна сцена од 1980 година, и јубилејно 40 години од неговата прва самостојна изложба. Од тој период, па до денес, учествува на изложби во Македонија и тогашна СФРЈ, како и на многу меѓународни изложби, колонии, симпозиуми… Со […]
Конференција за современа музејска едукација
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СОВРЕМЕНА МУЗЕЈСКА ЕДУКАЦИЈА, Национална галерија, Даут пашин амам, Скопје, 30-31 мај 2023 Почитувани, Со особено задоволство ја најавуваме и воедно Ве покануваме да учествувате на конференцијата за современа музејска едукација која ќе се одржи во Даут-пашиниот амам во Скопје на 30 и 31 мај 2023 година. Домаќин на конференцијата е Националната галерија на Северна Македонија и е организирана во партнерство со Fontys Fine and Performing Arts – Fontys University of Applied Sciences од […]
Павилјон на Република Северна Македонија на 18. Интернационална архитектонска изложба – La Biennale di Venezia
„Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот Свети Јоаким Осоговски, 1992 – 2017“ е национален претставник на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година. Официјалното отворање на македонскиот павилјон ќе биде на 18 мај 2023 година, на Меѓународниот ден на музеите, во 18 часот на адреса: Venice, Scuola dei Laneri, Salizada San Pantalon 131/A. Учеството на оваа престижна манифестација со ваков проект е од особено значење, […]
Проекција на видеоинсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ
Самостојно претставување на уметницата Тања Балаќ ќе се одржи на 19 мај, во 20 часот во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. Станува збор за мултимедијален проект – видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео. Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со наслов „Вкрстени знаци“ (“Crossing Signs”, 2023) оформен врз основа на ликовната подлошка […]
Промоција на монографијата посветена на животот и творештвото на скулпторот Анета Светиева
Промоција на монографијата посветена на животот и творештвото на скулпторот Анета Светиева во објектот Даут пашин амам, на 19 мај (петок) 2023, со поечток во 12.00 часот. Промотор е проф. д-р Небојша Вилиќ. Ликовното творештво на Анета Светиева Слоевитоста на животот и комплексноста на творештвото на Анета Светиева, вкрстување на нејзините животни тешко проодливи патишта и ситуации со нејзиното дело, колку и да го отежнуваат нивното ткаење, беа и нејзината единствена вистинска патека кон духовната […]
„Лавиринт на уметноста 2“ низ Постојаната поставка на Националната галерија во Даут пашин амам
Драги наши ученици, ликовни педагози, љубители на уметноста! Имаме големо задоволство да ве информираме дека во објектот Даут пашин амам на Националната галерија е во тек второто издание на музејската едукативна работилница „ЛАВИРИНТ НА УМЕТНОСТА 2“. Наменета е за ученици од петтите и шестите одделенија од основните училишта. Реализацијата на работилницата започна на 1ви Април 2023. Оваа музејска работилница има едукативен, истражувачки и награден концепт. Пред сите учесници е поставена загатка, а одговорот се крие […]
Претседателот на Австрија Ван Дер Белен, во посета на Даут пашин амам
Во посета на Националната галерија беше официјална делегација од Австрија, предводена од Претседателот на австриската држава, Александар Ван Дер Белен (Alexander Van der Bellen). Тој, заедно со неговата сопруга, австриската делегација, придружувани од министерката за култура, Бисера Костадинова Стојчевска (Бисера Костадиновска Стојчевска) го посетија објектот Даут пашин амам, каде заедно со директорката Дита Старова Ќерими (Dita Starova Qerimi) можеа да ја разгледаат постојаната поставка на Националната галерија, во која се претставени најдобрите македонски автори на […]
„Пејзажно искуство“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска во Чифте амам
По реализацијата на едно од најдобрите национални преставувања на 59то издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022, со проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Националната галерија, од 30 март, 19.00 часот истата ја претставува пред македонската јавност. Мултимедијалниот проект ќе биде поставен во објектот Чифте амам, а изложбата ќе ја отворат Министерката за култура, д-р Бисера Костадиновска – Стојчевска и Директорката на Националната галерија и комесар на проектот, […]
Програма за применета уметност во Скопје во организација на Култарт
Програма за применета уметност во Скопје во организација на Култарт (Cultart, Cultural Management Academy), #combineappliedarts од 27 до 31 март 2023 година. Како што веќе информиравме, на крајот од 2022 година започна со реализација и воедно ќе трае до јули 2023 новата практична програма во културниот менаџмент иницирана да ги исполни празнините во академските образовни програми во организација на Академијата Култарт. Целите на Академијата Култарт се обуки кои ќе се испорачаат на пет меѓународни групи […]