Изложба „Наместо вовед“ на Митко Панов

Изложбата на Митко Панов ќе се отвори на 5 октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица.  Изложбата на Митко Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност концептот е приказ на творештвото каде авторот е визуелен раскажувач. Митко Панов е посветен на своето творештво, во истражувањето на нови изразни форми, каде прави синтеза помеѓу класичните сликарски дисциплини, филмот и современите текови на идејата […]

„Бела ноќ“ во Националната галерија со Симон Шемов и Миле Корубин

Две големи и исклучително значајни изложби се поставени во репрезентативните објекти Даут-пашин амам и Чифте амам со кои Националната галерија партиципира во Програмата на манифестацијата „Бел ноќ“ за 2023 година. Ја информираме широката публика дека во сабота, 30 септември 2023, од 20 часот до доцните вечерни часови ќе имаат задоволство бесплатно да ги посетат двете поставки, програмски активности во рамките на одбележување на јубилејот – 75 години постоење на Националната галерија.   Симон Шемов „Мултиверзум“ […]

Изложба на Миле Корубин во Чифте амам

Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин (роден на 28 септември 1922 година во Прилеп, а починал на 13 септември 2000 година во Скопје), еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се базични поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи за чувањето и заштитата на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна визија, мисија и […]

Изложба на Симон Шемов во Даут пашин амам

„Сето време е сега“, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста. Вечноста не е физичко место, туку ментална состојба во која се размислува за секоја секунда од историјата како да се случува токму сега. Ова важи без разлика дали некој размислува за античка филозофија токму во овој момент […]

Даут пашин амам следните две недели затворен за посетители

Во следните две недели објектот Даут пашин амам ќе биде затворен за посетители. Во подготовки е изложбата на Симон Шемов која ќе се отвори на 27 септември 2023 година. Ви благодариме на разбирањето. Посетете го објектот Чифте амам во кој во моментов е изложбата на Димитрие Дурацовски.

Изложба на Мирчо Матевски Рисимкин „Средба со историјата: една слика – една приказна“

Срдечно Ве покануваме на отворањето на изложбата Средба со историјата: една слика – една приказна на Мирчо Матевски Рисимкин во објектот Мала станица на 5.9.2023 во 20.00 часот. Да се зборува за оваа изложба, како и за севкупното творештво на  Мирчо Матевски Рисимкин, значи да се нурне во историјата, во наследството, во духовното.             Уште при првиот поглед на делата на Матевски Рисимкин се забележува неговата вљубеност во историјата. Уште од мал тој многу читал, […]

ВЕТАР ПАРАКЛЕТ – Сaмостојна изложба на Димитрие Дурацовски

Со особено задоволство, на нашата галериска сцена, најавуваме автор – уметник во доменот на ликовното творештво и пишаниот збор. Димитрие Дурацовски, како сликар уметник, речиси четири децении не е претставен пред публиката, меѓутоа неговата особеност во ликовниот израз е предмет на анализа во повеќе студии и литература за теоријата на ликовната уметност. Изложбата ќе биде поставена во Чифте амам, отворањето е на 1 септември 2023 (петок), во 20 часот и за публиката ќе биде достапна […]

Изложба „75 / 75“ по повод 75 години Национална галерија

Почитувани, Ве информираме дека на 19.7.2023 година (среда), во 20 часот, во објектот Чифте амам, ќе биде отворена за јавност изложбата под наслов „75 / 75“. Со оваа изложба ги започнуваме активностите за одбележување на јубилејот 75 години од формирањето на Националната галерија. Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување на 75 ексклузивни уметнички дела – слики и скулптури. Селекцијата […]

Ад Астра вол.2 на Валмир Азири во Мала станица

Ад Астра вол.2 во Националната галерија во просториите на „Мала станица“ во Скопје! Отворањето на изложбата е во четврток, 8 јуни 2023, во 19 часот, повелете! „Состојбата на создавање е состојба на фиксација. Додека не сме почнале сме опседнати, кога не сме завршиле сме опседнати“, вели големата руска поетеса Марина Цветаева во нејзиниот трактат „Уметноста во светлината на совеста“. Валмир Азири продолжува да биде „обземен“ од бесконечноста на хоризонтот кон кој тој држи чекор во сложено патување и надворешно и внатрешно. Во […]

Владимир Темков – Ретроспективна изложба во Чифте амам

Пред почетокот на летниот период го најавуваме 40-годишниот ретроспективен опус на Владимир Темков во Чифте амам. Отворањето на изложбата е закажана за 31 мај 2023 (среда), во 20 часот. Владимир Темков е присутен на македонската и тогашната југословенска ликовна сцена од 1980 година, и јубилејно 40 години од неговата прва самостојна изложба. Од тој период, па до денес, учествува на изложби во Македонија и тогашна СФРЈ, како и на многу меѓународни изложби, колонии, симпозиуми… Со […]