
Ongoing
„Нови пејзажи – архив на реалноста“ на Роберт Јанкулоски
Изложбата „Нови пејзажи - архив на реалноста“ на Роберт Јанкулоски е победничкиот проект на Конкурсот за зрел уметник кој оваа година премиерно го објави Националната галерија на Република Северна Македонија. Роберт Јанкуловски е роден 1969 година и зад себе има импресивна уметничка кариера. Велиме уметничка, а не фотографска, затоа што неговите дела одговараат на начинот на гледање, што, заедно со фотографијата, е исто така дел од современата уметност. Тука говориме за амбиентални решенија, достигнувајќи во […]
Повеќе »„Капсид i²0 “ на Дарко Комненовиќ
Изложбата „Капсид i²0 “ на Дарко Комненовиќ е еден од двата победнички проекти на Конкурсот за млад уметник кој оваа година премиерно го објави Националната галерија на Република Северна Македонија. Дарко Комненовиќ е визуелен уметник кој работи во контекст на пост-скулпторско дело. Неговите истражувања и конструкции ги поврзуваат скулпторските, амбиенталните и технолошките влијанија. Со други зборови, тој работи со хибридизирани односи на просторот, перцепција, комуникација и когнитивно мапирање на визуелните ефекти. Предложениот проект „ Капсид […]
Повеќе »„Сеништа“ на Викторија Попоска
„СЕНИШТА“ е наслов на изложбата на Викторија Попоска, еден од двајцата победници на Конкурсот за млад уметник кој оваа година премиерно го објави Националната галерија на Република Северна Македонија. Викторија Попоска е млад уметник, родена 1992 год. во Струга, Република Северна Македонија. Дипломирала на осекот за применето сликарство со конзервација и реставрација на ФЛУ каде ја добила наградата „Борко Лазески“ за најинвентивен сликар во 2015 година, по што следи реализирање на нејзината прва самостојна изложба […]
Повеќе »