
Ongoing
„Фауната во колекцијата на Националната галерија“ во Мала станица
Второто издание на циклусот „Од поинаков дискурс“ е продолжение на првичната идеја за вклучување на лица, интелектуалци чија дејност не е тесно врзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со ко-куратор од галеријата ќе работат на тематика која ја задаваат, а е инспирирана од богатата колекција на Националната галерија. Целта е од поинаков дискурс да се пристапи кон толкување, систематизација и истражување на нашето културно благо. За првото издание го поканивме д-р […]
Повеќе »Јубилејна изложба „110 години од раѓање“ на Лена Стефанова
Национална галерија има особена чест и задоволство да ја најави јубилејната изложба „110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова. Изложбата ќе биде отворена на 20.12.2024 година во 19 часот во објектот Чифте амам. Голем предизвик е организирањето јубилејна изложба и одбележувањето 110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова. Јубилејните изложби секогаш се повод за констатација како нечие творештво на посебен и специфичен начин ја обележало својата епоха. Пишуваните текстови и аналитичките студии што […]
Повеќе »„Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“ во Даут пашин амам
На 21.12.2023 година (четврток), во Националната галерија, објект Даут пашин амам, во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата вски. Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања и анализи кои ги сумираме на едно место, односно негово критичко и научно валоризирање како автор кој оставил свој специфичен белег во одредени […]
Повеќе »КАПЕЊЕ – Axiotomic + IXgram – Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков
Како последен проект за 2023 година го најавуваме мултимедијалното претставување на авторите Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков насловена „Капење“. Оваа инсталација на видеа и звук ќе биде поставена во просторот на Чифте амам на 27 декември 2023, официјално од 20 часот, па се до 7 јануари 2024 година. Амамот, односно неговата функција во даденото време, бил јавен простор каде се вршело прочистување на телото, но и размена на информации од секојдневниот живот на чаршијата. Со […]
Повеќе »


