Изложба на Данко Фришчиќ „Сликоиди – Метагалактик“ во Мала станица

Share Button

Почитувани,ве каниме на отварањето на самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Ликовната Академија во Загреб, Данко Фришчиќ од Република Хрватска во Националната галерија на Македонија на 12ти декември (четврток) со почеток во 20 часот,во Мултимедијалниот центар Мала станица.

Воедно оваа изложба е продлабочување на соработката помеѓу двете држави на културно поле, а е прво претставување на уметникот кај нас.

СЛИКОИДИ – МЕТАГАЛАКТИК(PAINTGOIDS –METALAGALACTIC)

Хрватскиот ликовен уметник и професор Данко Фришчиќ првпат изложува во Националната галерија на Македонија, што беше предизвик за мене како кустос да ја поставам неговата изложба и да ја оживеам во изложбениот простор. Таа ги спојува границите на уметноста на Хрватска и Македонија, со што се продлабочува веќе востановената соработка меѓу двете држави.

Искреноста, преданоста,откривањатаво звучните сцени кои авторот ни ги искажува преку своите платна, водат до космичка фантазија и блесок на блага иронија со примеси од забавен карактер. Изложени се слики од циклусот „SLYX“, со коипреку својот ликовен јазик нѐ запознава со сопственитевизионерски и колористички претстави во специфична, авангардна одредница на експресионизмот.

Во сликите е забележлива експресивна линија, со динамични контрасти, и втемеленост во естетиката на гротескното. Тие се основни карактеристики во сликарството на Фришчиќ. Наративниот слој е значително проткаен со предимензионирана човечка фигура и поетски метафори. Сплетот на потезите дава атмосфера на богатство од тонови, правејќи нестабилност и хаос, и го внесува претставеното во надреална композиција. Имаме пред нас мајстор на фантазијата и фигурацијата, кој во негов својствен стил нѐ носи во вистинската реалност која, всушност, јадоближува целосно ослободена од контрола или од некаква причина за постоење.

Уметничкото дело ни изразува халуцинантна визија и впечаток дека се препуштаме на играта на асоцијации, а од друга страна, нѐ поврзува со нормалната состојба на духот. Фришчиќ со својот потегги прескокнува традиционалните форми истражувајќи нови патишта за изразување на содржините и отелотворувајќи нија неочекуваната средба со разнородни елементи, кои му се инспирација за различни асоцијации. Тој тежнее кон колористички огномет, а неговата визуелна сликарска шема е постигната со артикулација на ритамот, со одредено емоционално значење од свесно бараната последица.

Инаку, Данко Фришчиќ потекнува од значајно уметничко семејство. Негов татко е познатиот уметник Иво Фришчиќ, од кого Националната галерија на Македонија поседува едно дело во својата богата колекција. Тие двајцата се двојно поврзани – и преку директната крвна линија, и преку уметноста како нивен позив. Како што Данко ќе каже во едно свое интервју, запрашан за релацијата со неговиоттатко: „Брзината е нашата сличност и истовремено нашата разлика“.

Маја Крстевска
Виш кустос

 

Share Button