Изложба на Данко Фришчиќ „Сликоиди – Метагалактик“ во Мала станица
Почитувани,ве каниме на отварањето на самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Ликовната Академија во Загреб, Данко Фришчиќ од Република Хрватска во Националната галерија на Македонија на 12ти декември (четврток) со почеток во 20 часот,во Мултимедијалниот центар Мала станица. Воедно оваа изложба е продлабочување на соработката помеѓу двете држави на културно поле, а е прво претставување на уметникот кај нас. СЛИКОИДИ – МЕТАГАЛАКТИК(PAINTGOIDS –METALAGALACTIC) Хрватскиот ликовен уметник и професор Данко Фришчиќ првпат изложува […]
Самостојна изложба на Евгениј Пантев во Мала станица
Националната галерија на Македонија на 3-ти октомври (вторник) ќе ја претстави самостојната изложба на графичарот Евгениј Пантев во објектот Мала станица. Отворањето на изложбата е со почеток во 20 часот. Своето богато ликовно творештво несебично го има споделено со широката публика и љубителите на уметноста преку голем број самостојни изложби во земјава, над 100 национални и меѓународни групни графички изложби, биенални и триенални во Македонија, Бугарија , Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Грција,Турција, Шпанија, […]
Изложба на црногорските уметници Ратко Одаловиќ и Сретен Милатовиќ
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 25 март 2015 година, во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на црногорските уметници Ратко Одаловиќ и Сретен Милатовиќ. На оваа изложба Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен […]
Иван Фијолиќ изложува во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 23 декември 2014 година (вторник) во 20 часот, ќе се отвори изложба на хрватскиот уметник Иван Фијолиќ со наслов Нео Н.O.Б. Изложбата комбинира 6 монументални скулптури инспирирани од историјата на социјалистичката ослободителната борба и јавните скулптури кои го формирале визуелниот јазик на идеологијата за една генерација. Новата серија на скулптури од Иван Фијолиќ насловена Нео НОБ дури и не се обидува да ги сокрие своите референци […]
Словенецот Роман Уранјек во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 18 јуни 2014 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Роман Уранјек со наслов At Least One Cross A Day After 1.1.2002. Роман Уранјек е реномиран уметник кој живее и работи во Словенија, еден од основачите на светски познатиот уметнички колектив IRWIN, дел од култната групација Neue Slowenische Kunst (NSK). Роман Уранјек почнувајќи од 1 јануари 2002 година (денот од кога еврото […]
Завршна изложба од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС
Завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС, во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам … По повод 18 мај, Светскиот ден на музеите, во Националната галерија на Македонија, објектот Даут пашин амам на 19 мај 2014 година (понеделник) во 11 часот ќе биде презентирана завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС. Во изминатиов период деца од предшколска возраст, како и ученици од неколку основни и средни училишта […]
„Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф“ во Чифте амам
Изложбата на фотографии од главниот град на Жереми Бишолц, насловена како „Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф“, ќе биде отворена в среда 16 април 2014 во галеријата Чифте амам и ќе трае до 30 април 2014. Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија имаат чест да Ве поканат на отворањето на изложбата на фотографии на Жереми Бишолц „СКОПЈЕ НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА ЕДЕН МЛАД ФРАНЦУСКИ ФОТОГРАФ“. Во текот на еднонеделниот уметнички претсој во […]