Отворање на изложбата на Зоран Тодовиќ во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 19 септември се отвори самостојна изложба на авторот Зоран Тодовиќ (Србија), со наслов „Тишина“. Промислувајќи ја елементарната намена за прочистувањето на мажите, како и на жените, изложбата зборува за чистењето на телото, но и чистењето на духот. Одредени елементи на проектот ја истакнуваат длабоката поврзаност на новонастанатото дело, локалната историја и богатството кое се негува и чува во Чифте амамот. […]
Димче Димески во Чифте амам (поставка)
Димче Димески со „Критична маса ~ Првиот бран“ во Чифте амам. Изложбата се отвори на 4 септември, а ќе трае до 15 септември.
Отворање на изложбата на Ибрахим Беди
Отворање на изложбата (3 септември 2013) на Беди Ибрахим насловена “Од приказните за амамот” во Чифте амам. Изложбата ја отвори уметникот Ацо Становски и директорката на НГМ, Халиде Палоши. Беди Ибрахим во своето творештво користи неконвенционални материјали во креирањето на делото и нивно комбинирање, создавајќи амбиентални инсталации со симболика во пораката. Така и за оваа изложба пребарувајќи во сопствените сеќавања за приказните за Чифте амам создава сопствена приказна која за идните генерации ќе биде едно […]
Ибрахим Беди во Чифте амам (поставка)
Поставката на инсталацијата на Ибрахим Беди во простор, во Чифте амам (Национална галерија на Македонија) – Стара скопска чаршија. Беди Ибрахим во своето творештво користи неконвенционални материјали во креирањето на делото и нивно комбинирање, создавајќи амбиентални инсталации со симболика во пораката. Така и за оваа изложба пребарувајќи во сопствените сеќавања за приказните за Чифте амам создава сопствена приказна која за идните генерации ќе биде едно ново кажување и приказна, но и будење на меморијата и […]
„Копнеж по реалното“ изложба на современи австриски уметници (Фото)
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во средата (10 јули 2013 година) се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата свеченото ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.
Изложба на современи австриски уметници вечерва во Чифте амам
Почитувани, Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот ќе се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата ќе се отвори во среда, 10 јули, во 20.00 часот, во нашиот објект Чифте амам, а на свеченото отворање ќе говорат г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното […]
Прес по повод изложбата „Копнеж по реалното“ во Чифте амам
Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 јули 2013 година (понеделник) во 11 часот ќе се одржи прес конференција по повод изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија.
(фото) Димче Николов во Чифте амам – отворање
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, минатиот четврток (6 јуни 2013 година), се отвори изложба на Димче Николов (1953-1998), по повод 60 години од неговото раѓање. Димче Николов претставува значајна и клучна фигура во на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години на 20-от век, оваа уметност доби поинаква димензија и квалитет во Македонија. Тој даде свој значаен придонес во афирмирањето на графиката како самостоен ликовен […]
Мајлинда Келменди со “Идентитет и дијалог” во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 мај 2013 година (среда), во 20:00 часот ќе се отвори изложба на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Нејзиното трагање по човековите вредности е длабоко инкорпорирано во нејзиното творештво. Потрагата по сопствениот идентитет е основната нишка во нејзиниот ликовен израз. Модалитетите од човековото живеење таа ги пренесува во својата уметност. Историјата како основа за човековата идентификација Келменди ја преточува во визуелни дела што сведочат […]