Разговори за уметноста „Уметноста и религијата“

Една од овогодишните програмски заложби на Националната галерија на Македонија како институција од национален карактер е унапредувањето на комуникацијата со македонската ликовна публика и со уметниците за сите актуелни прашања од современата ликовна уметност кај нас и во светот. Една од таквите нови форми на интензивирањето на оваа комуникација е разговорниот односно дебатниот проект едноставно насловен „Разговори за уметноста“, посветен на тековни настани од областа на ликовната уметност (не само) во Националната галерија. Во таа […]

„Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ во Чифте амам

На 19 мај (четврток), во 12 часот, во објектот Чифте амам на Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“. Изложбата ретроспективно го елаборира присуството на религиозните односно христијанските теми / мотиви во современата македонска ликовна уметност од почетоците на дваесеттиот век (периодот на појавата на граѓанското сликарство) до денес. Изложбата се темели на фактот дека повеќе од два милениуми Христијанството е доминантната сила што ги обликува (не […]

Изложба на хрватската уметничка двојка Кожул/Жижиќ

Отворање на самостојна изложба на уметничката двојка Кожул/Жижиќ од Загреб, Хрватска на 5.05.2016 година во 12.00 часот. На 4-ти мај (среда) во објектот Чифте амам на Национална галерија на Македонија во 11 часот ќе се одржи прес на кој ќе присуствуваат и уметниците. Куратори на проектот се Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Македонија. Малку повеќе информации на линкот подолу, а повеќе на прес конференцијата. Ве очекуваме. http://nomad.hr/projects/zizic-kozul-recurring-landscapes-national-gallery-of-macedonia-skopje „Горди сме што имаме можност […]

Во Чифте амам изложба под наслов “Наречи ме љубов”

По повод април, месец на лица со аутизам, со особена чест Ве информираме дека во среда 6.04.2016 год во 15 часот, во Националната галерија на Македонија во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов “Наречи ме љубов”. Изложбата беше реализирана во соработка со здружението ,,Во МОЈОТ СВЕТ,, ПОУ Д-р Златан Сремец- Скопје, Центарот за аутизам и Асоцијацијата ,,Ластовица,, во кои учество земаа повеќе од 50 тина дечиња со аутизам. Во таа насока беа […]

Изложба „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил

Во среда, 30. 03. 2016 година во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил. Изложбата е организирана по предлог и во соработка со Канадската Амбасада од Белград, Република Србија. Изложбата ќе биде поставена 10 дена. На изложбата ќе биде презентиран дел од творечкиот опус на канадската уметница Жо Ан Ланвил, која е мошне активен графичар. Таа е […]

Изложба на современата чешка уметност „Исклучок и правило“

Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, на 23 декември 2015 година, (среда) во 19,30 часот ќе се отвори изложба на современата чешка уметност со наслов „Правило и исклучок“, а на 24 декември, во 12.00 часот ќе се одржи предавање апропо изложбата од страна на кураторката Мариана Серанова. Настаните ќе се реализираат во објектот Чифте амам. Уметници вклучени во изложбата се: Алеш Чермак (Aleš Čermák), Ева Јиржичка (Eva Jiřička), Ева Котјаткова (Eva Koťátková), […]

Изложба на Вана Урошевиќ “Кабинети на чуда и библиотеки”

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 11 декември 2015 година (петок), во 20 часот, ќе се отвори самостојната изложба на Вана Урошевиќ. Својата најнова самостојна изложба Вана Урошевиќ ја има насловено: “Кабинети на чуда и библиотеки”. Следејќи некои од своите омилени теми од доменот на “тајниот живот на предметите”, оваа ликовна уметница овојпат својот интерес го насочува кон збирките произлезени од собирачката страст и несекојдневниот вкус на особено љубопитните поединци – кон […]

Изложба на Жанета Гелевска Велјаноска во Чифте амам

Во просториите на Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на ден 10.12.2015 година (четврток) во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Жанета Гелевска Велјаноска.   Изложбата ќе содржи 50-тина дела комбинирана техника на платно. Жани дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1989 година. Член е на ДЛУМ од 1989 година. Учествувала на многубројни изложби во својата родна Македонија, во Европа, САД, а зела учество и во различни уметнички […]

Прес со хрватскиот уметник Владо Мартек во Чифте амам

Во вторник, 1. 12. 2015 година во 11:00 часот, во Чифте амам ќе се одржи прес конференција по повод изложбата на Владо Мартек: Огледалото на Мартек – Сетете се на уметноста, во присуство на авторот. Поет и концептуалист, сликар, есеист (Загреб, 1951). Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори […]

“Ретроспектива на апстрактната фотографија” на Осман Демири

Изложбата на Осман Демири, “Ретроспектива на апстрактната фотографија” ќе биде отворена во среда, 2 декември 2015 година, со почеток во 19:00 часот, објектот Чифте амам. Истата ќе биде отворена до 8 декември. Провокацијата на недокрај откриеното Кон миниретроспективата на апстрактната фотографија на Осман Демири Апстрактната, необјективна, експериментална или уште позната како концептуална фотографија е средство за создавање визуелни, драматични слики и се потпира врз примордијалните сензации за форма, облик, боја, кривина, повеќе одошто на самата […]