Александар Кондев – Ретроспектива

Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, слободно може да се каже, највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес. Неговото безмалу педесетгодишно присуство во сите перипетии на македонската фотографија е важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас. По силата на нештата, но и заради јасно изразената љубов кон фотографијата, релативно […]

Изложба на Владо Мартек во Чифте амам

На 24-ти ноември 2015 година (вторник), во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена изложба на Владо Мартек. ОГЛЕДАЛОТО НА МАРТЕК – Сетете се на уметноста Поет и концептуалист, сликар, есеист (Загреб, 1951). Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори – Grupa […]

Изложба „Современа словенечка фотографија” во Чифте амам

Изложбата „Современа словенечка фотографија” во организација на Фото сојуз на Македонија ке биде отворена на ден четврток, 12.11.2015 година во 20 часот во изложбениот простор Чифте амам. На отвoрањето на изложбата ке се обратат Боро Рудиќ и Александар Кондев. Фото Сојуз на Македонија со задоволство ги информира љубителите на фотографијата од Скопје и Македонија дека Изложбата – Современа Словенечка фотографија, којa е во рамките на манифестацијата “Денови на Македонската фотографија” ке биде отворена во Националната […]

Ретроспективна изложба на Александар Кондев

На 4 ноември 2015 година, во 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена ретроспективната изложба на фотографии на Александар Кондев. Куратор на проектот е Златко Теодосиевски. Изложбата ќе биде поставена до 22-ри ноември 2015 година. Златко Теодосиевски АЛЕКСАНДАР КОНДЕВ – СВЕТОТ КАКО ВИЗУЕЛЕН ПРЕДИЗВИК  Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, […]

Изложба на Иван Ивановски во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 28 октомври 2015 година, (среда), во 20:30 часот ќе се отвори самостојна изложба на Иван Ивановски со наслов „ул. Салвадор Алјенде 68“. Проектот „ул. Салвадор Алјенде 68“ се состои од околу 100 скулптури, објекти и цртежи. Идејата е да се истражува релацијата на луѓето во група, групата во релација со единката и релацијата помеѓу повеке групи и единки. На овој начин се создаваат композиции со ситуации […]

„Хронологија на дневни записи“ на Мирко Вујисиќ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 21 октомври 2015 година, (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба која носи наслов „Хронологија на дневни записи“ на авторот Мирко Вујисиќ. „Хронологија на дневни записи“ го сублимира досегашното творештво на авторот, презентирајќи избор на дела кои го рефлектираат неговиот интензивен интерес кон различни ликовни медиуми – графиката, цртежот и сликата. Во случајов, може да констатираме дека наведениот поим хронолошки записи се однесува на презентирање […]

Изложба на Агрон Абдули во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 09 октомври 2015 година, (петок), во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на  Агрон Абдули. Агрон Абдули преку портретот често пати го повикува ехото на внатрешна средба со својата трансцендентала кое шири светло на човековата природа кое во суштина ги претставува најсуптилните човекови чувства. Многу нешта моше да претстави портретот, бидејќи во поголемиот број на случаи модулацијата на човековиот лик пред нас може да се […]

Изложба на Марија Сотировска Богдановска – „Условен круг“

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 септември 2015 година (четврток), во 20:30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Марија Сотировска Богдановска под наслов „Условен круг“. Марија Сотировска Богдановска е родена во 1983 година во Скопје. Дипломира во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“, отсек сликарство, со насока конзервација и реставрација под менторство на проф. Благоја Маневски. Во 2011 година магистрира сликарство […]

Поставка “(По)трагите на водата – Акварелот … “

Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската збирка се збогатува и со нови, современи дела, во значителен број од над 1700 дела. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место. Изложбата насловена (По)трагите на водата презентира избор на уметнички дела остварени во еден визуелен медиум – акварелот, со истакнат број уметници, опфаќајќи еден импресивен попис на повеќе генерации од различни поднебја со посебни […]

Годишна изложба на основните училишта во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 мај 2015 година (петок) во 13 часот ќе се отвори Годишна изложба на основните училишта од градот Скопје. Во соработка со ликовните педагози од основните училишта, учениците работеа дела на конкретна тема – акварел, и на изложбата ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во завршна изложба со дела изработени во акварелна техника. Изложбата е со натреварувачки карактер за да се зголеми […]