Поставка – Изложба од Конкурсот за откуп на ликовни дела

Најголемиот дел од откупените дела се наменети за збогатување на збирките и поставките на Музејот на современата уметност и Националната галерија на Македонија. Од пристигнатите 228 пријави или вкупно 605 дела, петчлената стручна комисија, направи селекција на 64 уметнички дела, од различни визуелни медиуми: слики, скулптури, објекти, инсталации и видео инсталации од повеќе еминентни автори, како од постарата, средната, како и од помладата генерација уметници со цел поттикнување и стимулирање на нивниот иден творечки развој. […]

“Сите бои на љубовта” во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 април 2015 година (среда), во 14 часот, ќе се отвори изложбата Сите бои на љубовта, изложба подготвена по повод Месецот на аутизмот. Националната галерија на Македонија преку едукативното одделение во текот на годината организира многубројни настани и изложби од најмладите уметници. Опфатени се сите ученици, сите возрасти на деца независно од физичката или менталната попреченост. Националната галерија на Македонија особено става акцент токму на овие […]

Одаловиќ и Милатовиќ – поставка

Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен простор) внатре во просторот, кој го опфаќа централниот мотив – симплегма на човековата фигура/креатури и елементи на машинската индустрија. Некогаш се сведени на изолирани карикатурални ликови со модификувани внатрешни организми или […]

Изложба од Конкурсот на Министерството за култура за откуп на ликовни дела

Министерството за култура на Република Македонија, Музејот на современата уметност – Скопје и Националната галерија на Македонија ќе ја промовираат изложбата на дела од Конкурсот на Министерството за култура за откуп на ликовни дела од областа на визуелните уметности за 2014 година, на 30 март 2015 година (понеделник), во 12 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, објект Чифте амам. Од пристигнатите 228 пријави или вкупно 605 дела, петчлената стручна комисија, направи селекција на 64 […]

Националната галерија на Македонија со богата програма и значајни проекти

Изминатата година во објектот „Мала станица“ беше извршена целосна реконструкција на системот за греење и ладење, што беше неопходно за самиот простор, како и реконструкција на предната фасада на објектот со цел просторот кој е наменет за најразлични галериски перформанси и промоции да биде ставен во функција на уметниците … Повеќе значајни проекти се реализирани во изминатиот период во Националната галерија на Македонија, чија основна дејност е колекционирањето, негувањето и презентацијата на ликовното творештво. Два […]

Иван Фијолиќ изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 23 декември 2014 година (вторник) во 20 часот, ќе се отвори изложба на хрватскиот уметник Иван Фијолиќ со наслов Нео Н.O.Б. Изложбата комбинира 6 монументални скулптури инспирирани од историјата на социјалистичката ослободителната борба и јавните скулптури кои го формирале визуелниот јазик на идеологијата за една генерација. Новата серија на скулптури од Иван Фијолиќ насловена Нео НОБ дури и не се обидува да ги сокрие своите референци […]

„Насока“ на Исмет Рамиќевиќ – поставка

Исмет Рамиќевиќ е роден во 1960 година во Дубница, Сјеница, Србија. Дипломирал во 1985 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел скулптура, во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Член е на ДЛУМ од 1987 година. Работи како вонреден професор по предметите вајање, вајарски техники и цртање на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Досега реализирал 18 самостојни претставувања во Скопје, Прилеп, Пловдив (Бугарија), Ниш (Србија) и […]

Изложба на Исмет Рамиќевиќ во Чифте амам

На 28 октомври 2014 година (вторник), со почеток во 20 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија, во објектот Чифте амам ќе биде претставена самостојната изложба на Исмет Рамиќевиќ под наслов „Насока“. При лоцирањето на местото на Исмет Рамиќевиќ во одредени рамки на историјата на современата македонска уметност, како неизбежна одредница ја посочуваме секако неговата припадност на генерацијата што почнува да создава на оваа почва во осумдесеттите години и што ја дефинира македонската […]

Петра Јовановска и Јиржи Кованда – поставка

Изложба на Петра Јовановска и Јиржи Кованда отворена во Чифте амам, во Старата скопска чаршија … Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 23 септември 2014 година отворена е изложбата на Петра Јовановска и Јиржи Кованда.

„Замислувајќи го Балканот- идентитети и сеќавања од долгиот19 век“ – Чифте амам

Во објектот Чифте амам, во Старата скопска чаршија, посетителите ќе можат да ја видат историската изложба „Замислувајќи го Балканот- идентитети и сеќавања од долгиот 19 век“ … Во следните три месеци публиката ќе може да ја види изложбата „Замислувајќи го Балканот- идентитети и сеќавања од долгиот19 век“ која е во заедничка организација на Музејот на Македонија, УНЕСКО и националните музеи на Балканските држави во опкружувањето.