Изложба на Кирил Гегоски – Апотеоза на пределот
Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па се до денес се одликува со минимализам и редуцирана симболика, префинет вокабулар и отсуство на какви било непотребни детали во третманот на сликата, уметнички израз исполиран до последниот детаљ, што може да се сфати како производ на воздржаниот, но софистициран фокус на авторот за потенцирање на суштината на нештата, беспрекорната реализација, а пред се со извонредно чувство и познавање на својствата на материјалите што ги користи. […]
Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“
Изложбата ќе се отвори на 28 март (понеделник) во објектот Чифте амам, во Старата скопска чаршија, од 19 часот. Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ е изложба која преку фотографија ги раскажува убавината и разновидноста на Италија, нејзините пејзажи, нејзината креативност и нејзиниот народ. Историја од век и половина преточена во антологија од кадри, со цел да се создаде идеална галерија на портрети и спомени, што ќе посведочат за богатството на земјата и […]