Изложба – Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“
Изложбата ќе се отвори на 28 март (понеделник) во објектот Чифте амам, во Старата скопска чаршија, од 19 часот. Italiae „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ е изложба која преку фотографија ги раскажува убавината и разновидноста на Италија, нејзините пејзажи, нејзината креативност и нејзиниот народ. Историја од век и половина преточена во антологија од кадри, со цел да се создаде идеална галерија на портрети и спомени, што ќе посведочат за богатството на земјата и […]
Изложба „Париски рефлексии“
Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност. Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20-от век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските […]
Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам
Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност. Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20-от век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските […]
Изложба на академик Васко Ташковски во Даут пашин амам
НУ Национална галерија на Република Северна Македонија има особена чест и задоволство да ја најави ретроспективната изложба на академик Васко Ташковски, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот. Според повеќето современици, придонесот на Васко Ташковски во современата македонска уметност уште на почетокот на творештвото се истакнува преку следењето на една сопствена тивка и ненаметлива ликовна патека која му овозможи […]
Изложба „Сертификат за кафе“ на Башким Меџити во Мала станица
Ве информираме дека на 19.10.2021 (вторник), во 19 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски Универзитет, Башким Меџити. Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина (Косово), каде и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, остварил над петнаесетина самостојни изложби во државата и странство. Бил прв претседател и еден од иницијаторите за формирање на […]
Изложба на Горан Деспотовски во Чифте амам
Со особено задоволство ја најавуваме изложбата „Subscript“ на новосадскиот уметник Горан Деспотовски, која ќе се отвори на 8 октомври 2021, во објектот Чифте амам, во 20 часот. Изложбата „Subscript“ на Горан Деспотовски има ретроспективен карактер и се протега низ корпусот на неколку негови дела, главно во медиумот на инсталацијата. Во најголем дел од реализираните инсталации и објекти, авторот ја претставува личноста, групата, масата луѓе во форма на кукли што го контекстуализираат присуството на лице/а во […]
Spaces of oblivion – Александра Петрушевска Ристовска
Spaces of oblivion Александра Петрушевска Ристовска Национална Галерија, Мултимедијален центар Мала станица, 6.05.2021-01.06.2021 Новата реалност нѐ соочува со децениски наталожуваните системски проблеми, нѐ исправа пред сознанието за кревкоста на општественото ткиво да се справи со новите предизвици, а тие бараат колективни решенија. Во услови кога се наоѓаме пред мрежа од раскрсници, се создава чувство дека основната егзистенција е загрозена. Иако во кризни ситуации, културата и уметноста се на последно место, од друга страна, таа двојна […]
Чудесните илустрации на Кондовски се празник за детските сетила
Во просториите на Националната галерија, објект Мала станица, беше отворена изложба на илустрации од Димитар Кондовски. Националната галерија деновиве беше обвиена со духот на радоста на детската илустрација на великанот на современото сликарство. Воедно чудесните илустрации претставуваат и своевиден празник за детските сетила, за нивниот богат имагинативен свет. Токму изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на Кондовски што ја подготвуваме, истакна директорката на Националната галерија, Старова-Ќерими. -Во далечната 1992 паметам како мојот […]
Решат Амети – 30 Години творештво
Со изложбата најавена за октомври 2020 година во Националната галерија, академскиот сликар Решат Амети одбележува 30 години творештво, односно 30 години од неговата прва самостојна изложба која ја договорил како студент, пред дипломирањето, а ја реализирал веднаш по дипломирањето, во 1990 година, во галеријата Киви во Виена, Австрија. Од тогаш па до денес, неговото творештво е презентирано низ целот свет, на сите континенти. Неговиот сликарски ракопис е присатен во државни и приватни колекции. Творештвото на […]
Изложбата „Соблечени, женскиот акт како контекст“ без свечено отворање
Прифаќајки ги препораките од Министерството за култура и Владата до институциите од областа на културата како и на организаторите на поголеми јавни културни настани, за соодветна превенција за запирање на ширењето на корона вирусот, за откажување на сите јавни собири до 6 март 2020 година, Ве информираме дека поставката на изложбата „Соблечени, женскиот акт како контекст“ ќе биде поставена и истата ќе може да се погледа од 5-ти март. Информацијава се однесува за посетителите кои […]