Демир Бељуљи изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 јуни 2013 година во 12 часот ќе се отвори изложба на Демир Бељуљи. Ликовниот паноптикум во кој се изразува Белули опфаќа разнородни ликовни тематики и жанрови, а медиумите во кои ги овоплотува својата замисла и концепт се  разнородни техники од молив, темпера, акварел, туш, јаглен, маслена боја и слично, кои ги владее на достојно ниво. Во поглед на сижејните преокупации, треба да се нагласат неколку […]

Станислав Бубан и Ева Мајер во Мала станица

Почитувани, Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 11 јуни 2013 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Стано Бубан и Ева Мајер. Ева Мајер е родена 1983 година во Соморја (Словачка) и е талентиран графички уметник на најмладата генерација. Дипломирала во 2008 година на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта. Главни теми на нејзината уметност е испитувањето на поединецот на патот во општеството. Ева Мајер ги […]

Росица Лазеска изложува во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 28 мај 2013 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Росица Лазеска. Цртежот како начин на ликовно изразување во кој линијата доминира како изразно средтво некако спонтано се наметнува како продолжение на претходните преокупации на Росица Лазеска – графиката. Експресивната, динамична ткаенина на линии во меѓусебна комуникација со графичките знаци форми и тонови создава хармонично обликувани астрактни композиции. Линијата во нејзините дела е […]

Мајлинда Келменди со “Идентитет и дијалог” во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 мај 2013 година (среда), во 20:00 часот ќе се отвори изложба на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Нејзиното трагање по човековите вредности е длабоко инкорпорирано во нејзиното творештво. Потрагата по сопствениот идентитет е основната нишка во нејзиниот ликовен израз. Модалитетите од човековото живеење таа ги пренесува во својата уметност. Историјата како основа за човековата идентификација Келменди ја преточува во визуелни дела што сведочат […]

За престојното претставување на Венециското биенале

Почитувани претставници на медиумите, по неодамнешната прес-конференција по повод Македонскиот павилјон на 55-то Венециско биенале и проектот Silentio Pathologia на нашата претставничка Елпида Хаџи Василева произлегоа брдо реакции над погрешно протолкуваниот аспект на примената на кожите од стаорци во проектот, иако и на самата прес-конференција беше убаво нагласена природата на кожите на стаорците кои се применети во проектот. Имено авторката ниту поддржува, ниту пак било кога работела со уништување на живи суштества. Таа е против […]

Славица Јанешлиева со „Впечатоци“ во Мала станица

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 26 декември 2012 година (среда) во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Славица Јанешлиева под наслов „Впечатоци“. СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА е родена 1973 година во Скопје. Во 1996 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика. Во 1998 магистрирала на истиот факултет. Од 2006 работи како доцент на Катедра по графика, на Факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот „Св. Кирил […]

Life Action / Game Action 2 во Мултимедијалниот центар „Мала станица“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 25 декември (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложбата Life Action / Game Action 2, кураторски проект на Ана Франговска, на која ќе излагаат уметниците Гордана Вренцоска, Славица Јанешлиева, Гоце Наневски, Игор Сековски, Александар Спасоски и Борис Шемов. Life Action / Game Action 2 е продолжение на минатогодишниот проект Life Action / Game Action 1 кој се одржа лани. Life Action / […]

„Блесок“ на Нарциса Андреевска во Мала станица

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 2 ноември 2012 (петок) во 20 часот ќе се отвори изложба на Нарциса Андреевска. Секоја нова средба со творештвото на Нарциса Андреевска буди нов предизвик и наметнува цела низа прашања што носат дилеми и, секако, со толкувањето на нејзините дела се добиваат одговорите. Сето тоа е изразено во маслата преку кои се обидуваме како посматрачи да впловиме во нејзината интима изразена со колоритот, […]