Станислав Бубан и Ева Мајер во Мала станица

Share Button

Почитувани, Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 11 јуни 2013 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Стано Бубан и Ева Мајер.

stano and eva invitation-1

Ева Мајер е родена 1983 година во Соморја (Словачка) и е талентиран графички уметник на најмладата генерација. Дипломирала во 2008 година на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта. Главни теми на нејзината уметност е испитувањето на поединецот на патот во општеството.

Ева Мајер ги проширува границите на графичкиот жанр во нејзината уметност. Таа разработи своја специфична и уникатна техника со примена и комбинирање  на фотограм, дигиталната технологија и giclee печати. Нејзината уметност се занимава со проблематиката на односи меѓу поединците и општеството преку одраз на сопствените лични искуства. Ева Мајер смета дека ова е важно за создавање на врски во нејзината уметничка практика и го поканува гледачот во активно учество.

Нејзините интерактивни инсталации, видео и графички дела се предизвик за гледачот да се даде повратна информација од страна на динамички и визуелни просторни композиции. Нејзините лични теми прераснуваат во егзистенцијални прашања. Ова е причината зошто нејзината уметност е со човечки и универзални димензии во исто време, покрај справувањето со проблемите типични за Централна Европа.

Стано Бубан е роден 1961 година во Сечовце, Словачка. Во 1986 година дипломирал на Катедрата за сликарство на Академијата за ликовни уметности и дизајн во Братислава. Тој предава на Одделот за цртеж на Академијата за ликовни уметности и дизајн во Братислава. Неговите уметнички дела обично ни раскажуваат приказни, често инспирирани од библиски или историски теми но и од неодамнешните настани. Во последните години, неговите приказни во сликарство ги вообличува преку средствата на фигуралтивното сликарство. Методот кој тој го избира за сликање зависи, и е предмет на расположението, содржината, и идејата на пораката.

Ако некогаш се неговите дела се изработени во сликарски техники на “старите мајстори “, сега се плод на акорд на навидум брзи наноси на боја. Драмата  на поединецот во неговите дела  прераснува во генерализирана порака. Клекнатиот човек облечен во костум со главата надолу не е само загрижени човек, туку е современата слика на почетокот на кршењето на денешниот свет.

Quasso or The borders are in your head Somorja 2010

The_breaking_up_trial_Budapest 011

Со почит,

Национална галерија на Македонија

Share Button