Оглас за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на Мала станица

Националната галерија ве информира дека е распишан Оглас од страна на Министерството за култура, објавен во Бирото за јавни набавки на електронскиот систем за јавни набавки, на 28 јуни 2021 год, под број 11015/2021. Огласот се однесува за проектантски услуги за изработка на проектно-техничка документација на ниво на Основен проект за реконструкција на објекти од областа на културата со вклучена ревизија, ќе се спроведува по пат на отворена постапка и истиот трае до 28.јули о.г., […]

Прес и потпишување на Договор за доделување на грант од страна на Амбасадата на САД во Македонија

Во годината на одбележување јубилеј – 70 години постоење, со особено задоволство ја информираме јавноста дека Националната галерија на Македонија е институција, добитник на грант кој го доделува Амбасадата на Соединетите американски држави во Република Македонија од Федералната програма „Амбасадорски фонд на Соединетите американски држави за заштита на културата“ за 2018 година. Проектот кој ја доби подршката носи наслов „Санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, заштита од […]

Конкурс за Идејно решение за реконструкција на објектот „Мала Станица“

Почитувани, Ве известуваме дека НУ Национална галерија на Македонија објавува Конкурс за избор на Идејно решение за реконструкција и просторна редефиниција на објектот на Националната Галерија на Македонија „Мала Станица“ во Скопје. Ги покануваме заинтересираните субјекти да ги подигнат материјалите за Конкурсот во архивата на НУ Национална галерија на Македонија која се наоѓа во објектот Мала станица на ул. Јордан Мијалков бр. 18 и/или да се информираат на телефон 02/3126856.