Институција за можните иднини – Две дискусии за НГМ
Во контекст на најавата за јубилејот 70 години од основањето на Уметничка галерија/ Национална галерија на Македонија во 2018 год. Еден од можните начини за критичко препистување на една институција е колекцијата. Нормативната традиционално историско – уметничка наратива на колекцијата во денешнината е предизвикана со темпорални кураторски и уметнички сценарија кои нудат различни погледи на одредени времески периоди, да се синхронизираат со времето, како што вели Борис Гројс. Тие денес претставуваат места на енергична и […]
Самостојна изложба на Џезаир Реџепи
Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 17 ноември 2017 година (петок) во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на Џезаир Реџепи. Џезаир Реџепи, роден во с. Тануше, Горна Река во 1983 година, акaдемската наобразба ја добил на Факултетот за ликовни уметности во Тетово, a по завршувањето на Факултетот за ликовни уметности, својата работа ја посветил во Конзерваторскиот центар во Гостивар, но паралелно со конзерваторската активност забележително е и […]
Изложба на Мухамедали Алили „Скриени шепоти“
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 ноември 2017 година (понеделник), во 20 часот ќе се отвори изложба на Мухамедали Алили со наслов Скриени шепоти. Мухамедали Алили роден 1972 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, 2000г., отсек графика, во класата на проф.Димитар Малиданов,. Во 2013 година започнал постдипломски студии во Универзитетот ФОН отсек графички дизајн. Се занимава со сликарство, графика, дизајн и фотографија. Учествувал на многу колективни изложби […]
Ретроспективна изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ во Даут пашин амам
Почитувани, Задоволството е да се прикаже труд вложен во изминатите 300 дена од оваа календарска година, 7200 часа потрошени во креативни истражувања трајно втиснати на 240 страници јубилејно идание со наслов „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ на издавачот Национална галерија на Македонија. По овој повод Националната галерија на Македонија, Министерство за култура на Република Македонија и Фондацијата „Илија Камчев“ имаат чест и особено задоволство да Ве поканат на отворање на ретроспективната изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“. Петар Мазев […]
Промоцијата на монографија на Евгенија Демниевска
Почитувани, Имаме чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на монографијата на Евгенија Демниевска, која е отпечатена по повод реализацијата на нејзината ретроспективна изложба во Чифте амам, насловена „Метаморфози на линијата“. Промоцијата ќе се реализира на 27 октомври, петок, во 19.00 часот во објектот на Националната галерија на Македонија – Чифте амам. На овој настан, покрај промоција на новото издание на Националната галерија на Македонија од страна на соработници и пријатели на Евгенија Демниевска кои […]
Конкурс за Идејно решение за реконструкција на објектот „Мала Станица“
Почитувани, Ве известуваме дека НУ Национална галерија на Македонија објавува Конкурс за избор на Идејно решение за реконструкција и просторна редефиниција на објектот на Националната Галерија на Македонија „Мала Станица“ во Скопје. Ги покануваме заинтересираните субјекти да ги подигнат материјалите за Конкурсот во архивата на НУ Национална галерија на Македонија која се наоѓа во објектот Мала станица на ул. Јордан Мијалков бр. 18 и/или да се информираат на телефон 02/3126856.
“Фрагилност” – Изложба на графика на Шќипе Мехмети
Ве информираме дека во рамки на својата годишна програма Националната галерија на Македонија ја презентира изложбата на младата графичарка Шќипе Мехмети, која ќе се одрќи на 24.10.2017 година, вторник, во мултимедијалниот центар Мала станица, во 20.00 часот. На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 графички листа кои Мехмети ги има изработено во последните неколку години, а се однесува на темата на жената нејзината фрагилност, а и моќ од друга страна. Изложбата е насловена „Фрагилност“ и […]
Изложба на Евгенија Демниевска во Чифте Амам
Ретроспективна изложба на македонската уметница Евгенија Демниевска насловена „Метаморфози на линијата“ ќе се отвори на 5 октомври во 19 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте Амам. Изложбата ќе трае до 29 октомври. Демниевска рече дека ќе бидат изложени меѓу 50 и 60 уметнички дела кои го прикажуваат нејзиниот пат од почеток, од студентските денови, до тоа што го прави сега. – На оваа изложба се избрани делата кои прикажуваат како се развивала идејата […]
Самостојна изложба на Евгениј Пантев во Мала станица
Националната галерија на Македонија на 3-ти октомври (вторник) ќе ја претстави самостојната изложба на графичарот Евгениј Пантев во објектот Мала станица. Отворањето на изложбата е со почеток во 20 часот. Своето богато ликовно творештво несебично го има споделено со широката публика и љубителите на уметноста преку голем број самостојни изложби во земјава, над 100 национални и меѓународни групни графички изложби, биенални и триенални во Македонија, Бугарија , Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Грција,Турција, Шпанија, […]
„Урбани документи: пејзаж – слика – предел“ во Мала станица
Годинава, повеќе од триесет европски земји ќе се приклучат на одбележувањето на „Европските денови на културното наследство“ во знакот на заедничката тема „Природата и културното наследство“. Во рамките на оваа општа тема планирано е активностите во Република Македонија да се фокусираат на темата „Водата – дар од природата“.Настаните по повод манифестацијата ќе се одвиваат во периодот од 15 до 22 септември. Националната галерија на Македонија ќе реализира настан во рамките на оваа европска иницијатива и ќе земе учество на манифестацијата со тематска изложба „Урбани документи: […]