Изложба на Данко Фришчиќ „Сликоиди – Метагалактик“ во Мала станица

Почитувани,ве каниме на отварањето на самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Ликовната Академија во Загреб, Данко Фришчиќ од Република Хрватска во Националната галерија на Македонија на 12ти декември (четврток) со почеток во 20 часот,во Мултимедијалниот центар Мала станица. Воедно оваа изложба е продлабочување на соработката помеѓу двете држави на културно поле, а е прво претставување на уметникот кај нас. СЛИКОИДИ – МЕТАГАЛАКТИК(PAINTGOIDS –METALAGALACTIC) Хрватскиот ликовен уметник и професор Данко Фришчиќ првпат изложува […]

Изложба „Вангел Коџоман – 120 години од раѓање“ во Даут пашин амам

Националната галерија Ве поканува на изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман која ќе биде реализирана во објектот Даут пашин амам по повод 120 години од неговото раѓање. Ќе ни биде голема чест и задоволство заедно да се потсетиме на неговиот живот и творештво, неговите портрети и пејзажи, боите и светлината на неговиот роден крај. Оваа година се одбележуваат 120 години од раѓањето на академскиот сликар Вангел Коџоман. Почитта која му се […]

„Париски рефлексии 2 и 3“ во Културно информативниот центар Офицерски дом – Битола

Ве известуваме дека на 13 ноември 2024 година, со почеток во 18 часот, во Културниот и информативен центар во Битола ќе се отвори изложбата насловена „Париски рефлексии 2 и 3“. Како што веќе знаете, оваа изложба беше реализирана во соработка со Францускиот институт во Скопје, односно со амбасадата на Франција и три дела на „Париски рефлексии“ беа претставени во Чифте амам. Поводот за овие соработки три години наназад беше одбележувањето на Деновите на Франкофонијата во […]

Изложба “Австриската уметност после 1945” во Даут пашин амам

По повод 30 години воспоставена дипломатска соработка, Австриската амбасада во соработка со Националната галеријаима особена чест да ве покани на отворањето на изложбата “Австриската уметност после 1945” на 30 октомври 2024, во Даут пашиниот амам со почеток во 18:00 чaсот. Австриската современа уметност по 1945 година е производ на едно сложено и динамично испрепелтување на историските, политичките и културни сили. Последиците од Втората светска војна условија Австрија, како и поголемиот дел од Европа, да се […]

Ретроспективна изложба на Беди Ибрахим во Чифте амам

Изложба на уметникот Беди Ибрахим во објектот Чифте амам, ќе биде отворена на 28 октомври 2024 (понеделник), со почеток во 20 часот.  Беди Ибрахим целиот свој живот го има посветено на ликовното творештво, како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена , создавајќи релевантни ликовни дела кои ја претставуваат Македонија на глобално рамниште, а своите длабоки творечки искуства како професор на ФЛУ на најпрофесионален и најревносен начин им ги пренесува на младите кадри, кои […]

Изложба на Златко Трајковски-Хинки во Мала станица

Изложбата на Златко Трајковски-Хинки ќе биде отворена на 8 октомври 2024 (вторник) со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица.  Златко Трајковски-Хинки е еден од најзначајните уметници на македонската сцена, кој почна да работи во првата половина на 80-тите години од минатиот век. Тој период е пресвртница во размислувањата за уметноста и за тоа како таа во иднина би изгледала во Македонија, период кога се работи на посмодернизмот и новите медиуми. Тој е еден […]

„Бела ноќ“ во Националната галерија

На 5 октомври 2024 (сабота), во рамките на одбележување на 20. годишниот јубилеј на манифестацијата „Бела ноќ“ во организација на Универзалната сала во Скопје, Националната галерија традиционално се приклучува кон ноќта во која се бдее над уметноста и со задоволство ги најавува проектите кои ќе бидат дел од богатата програма на културната понуда. ДАУТ ПАШИН АМАМ На задоволство на љубителите на уметноста и широката публика Ве информираме дека изложбата ќе може да се посети и […]

„Сенки во облаците“ изложба на Емил Шулајковски

Во Чифте амам, на 1 октомври 2024 (вторник), во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Емил Шулајковски под наслов „Сенки во облаците“. Во најновата изложба на Емил Шулајковски под наслов „Сенки во облаците“ (2024), со која на извесен начин се одбележува и тридецениското творештво на овој автор, не може да се избегне импресијата според која тој својот карактеристичен ликовен ракопис го заснова и дефинира преку бојата како основен сликарски постулат. Како една од […]

Јубилејна изложба – 120 години од раѓањето на Томо Владимирски

Во Националната галерија, во објектот Даут пашин амам, на 5 септември 2024 година (четврток) со почеток во 20 часот, ќе се отвори јубилејната изложба, во чест на големиот Томо Владимирски.  Македонскиот модернизам, чија основа ја поставија неколкумина претставници на првата, основоположничка генерација образовани македонски ликовни уметници, започнува да се следи од крајот на втората и третата деценија на минатиот век, преку активности и изложби кои почнуваат да го носат „новиот“ модерен дух на развиените европски […]

Зошто „Бостание“?

Почитувани, На 6.6.2024, четврток, во 19:30ч во Мала станица ве покануваме на разговор посветен на првата општествена градина „Бостание“ која се наоѓа во Ново Лисиче, во Општината Аеродром. Разговорот е дел од проектот под наслов Зошто Бостание? (кој отвора многу прашања поврзани со екологијата), со учество на Зорица Зафировска – уметник и активист која работи на уметнички истражувања со социјално-општествени тематики, научно-генетските достигнувања и консумеризмот; перформанс на Димитар Самарџиев – пермакултурен дизајнер и едукатор, кој […]