Резултати по интерен оглас 04-37/9
Врз основа на член 10, 30, 48 и 49 од Законот за административни службеници (Сл.весник на РМ. 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18), а во врска со Правилникот за формата, и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен огласот (Сл.весник на РМ 11/2015, 35/2018, 303/2020),… […]
INTER SPEM ET METUM на 60. едиција на традиционалното Венециско Биенале
На последниот работен ден од 2023 година носиме убави вести. Ни претставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека и овој пат, довербата да бидеме носители на националното знаме на престижната манифестација со 120 годишна историја La Biennale di Venezia, ни беше доделена нам како институција по 9 пат. На 60. ликовна сесија на Венециското биенале 2024, Република Северна Македонија ќе биде претставена со проектот INTER SPEM ET METUM, (Помеѓу надеж и страв/Between hope […]
ИНТЕРЕН ОГЛАС 01/2023
Врз основа на член 10, 30, 48 и 49 од Законот за административни службеници (Сл.весник на РМ. 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18), а во врска со Правилникот за формата, и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен огласот (Сл.весник на РМ 11/2015, 35/2018, 303/2020),… […]
Од јубилејната година на Националната галерија, 75 години постоење
За годината што изминува, со сигурност може да се резимира дека на културната сцена изнесе особени проекти од национален интерес. Културната понуда остана во духот на разновидноста, традицијата и националниот идентитет. Зборуваме за проекти од јавен интерес, кои ги промовираа достигнувањата на нашите уметници и вредностите на домашното творештво и културно наследство. За нас, 2023 година, година на одбележување на јубилеј – 75 години постоење, ќе биде забележана како амбициозно реализиран предизвик. Изнесовме квалитетна Програма […]
Axiotomic + IXgram Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков – КАПЕЊЕ
Како последен проект за 2023 година го најавуваме мултимедијалното претставување на авторите Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков насловена „Капење“. Оваа инсталација на видеа и звук ќе биде поставена во просторот на Чифте амам на 27 декември 2023, официјално од 20 ч, па се до 7 јануари 2024 година. Амамот, односно неговата функција во даденото време, бил јавен простор каде се вршело прочистување на телото, но и размена на информации од секојдневниот живот на чаршијата. Со […]
„Парче од себе“ – Инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби
За одбележувањето на Меѓународниот ден посветен на лица со попреченост, Националната галерија својата општествена одговорност во насока на подигнување на личната и колективната свест за поддршка на ранливите категории традиционално ја реализира со инклузивна програма. Оваа година се одржа работилница во техника – мозаик, под наслов „Парче од себе“. Завршните работи од работилницата ќе бидат прикажани на изложба која ќе биде отворена на 15 декември 2023 во 13ч, во мултимедијалниот центар Мала станица. На отворањето […]
„110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова во Чифте амам
Национална галерија на РС Македонија има особена чест и задоволство да ја најави јубилејната изложба „110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова. Изложбата ќе биде отворена на 20.12.2024 година во 19 часот во објектот Чифте амам. Голем предизвик е организирањето јубилејна изложба и одбележувањето 110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова. Јубилејните изложби секогаш се повод за констатација како нечие творештво на посебен и специфичен начин ја обележало својата епоха. Пишуваните текстови и […]
Фауната од колекцијата на Националната галерија
Изложба „Од поинаков дискурс“ Фауната од колекцијата на Националната галерија во објектот Мала станица, во четврток 7.12.2023, со почеток во 19:30 часот Второто издание на циклусот „Од поинаков дискурс“ е продолжение на првичната идеја за вклучување на лица, интелектуалци чија дејност не е тесно врзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со ко-куратор од галеријата ќе работат на тематика која ја задаваат, а е инспирирана од богатата колекција на Националната галерија. Целта […]
Изложба на Ешреф Ќахили во Чифте амам
Почитувани, Ве информираме дека на 5 ти декември 2023, со почеток во 19 часот, во импозантниот објект од исламската профана архитектура Чифте амам, при Националната Галерија, ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили, од Приштина (Република Косово). Ќе бидат изложени триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника. Изложбата е насловена Музеј на детството. Кустос на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос. Кон творештвото на Ешреф Ќахили […]
Изложбата „Париски рефлексии“ претставена во Офицерскиот дом во Битола
Ве известуваме дека во тек е изложбата „Париски рефлексии“, претставена во Офицерскиот дом во Битола, а организирана од Националната галерија и Францускиот културен центар во Скопје, Француската амбасада, Француската алијанса, Почесниот конзул на Франција во Битола. Изложбата има за цел да ги претстави проткајувањата на двете култури – француската и македонската – преку ликовната уметност, претставувајќи 35 дела на десетина најзначајни македонски автори од фундусот на Националната галерија, кои во своето творештво примиле влијанија, во […]