INTER SPEM ET METUM на 60. едиција на традиционалното Венециско Биенале
На последниот работен ден од 2023 година носиме убави вести. Ни претставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека и овој пат, довербата да бидеме носители на националното знаме на престижната манифестација со 120 годишна историја La Biennale di Venezia, ни беше доделена нам како институција по 9 пат. На 60. ликовна сесија на Венециското биенале 2024, Република Северна Македонија ќе биде претставена со проектот INTER SPEM ET METUM, (Помеѓу надеж и страв/Between hope […]
„110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова во Чифте амам
Национална галерија на РС Македонија има особена чест и задоволство да ја најави јубилејната изложба „110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова. Изложбата ќе биде отворена на 20.12.2024 година во 19 часот во објектот Чифте амам. Голем предизвик е организирањето јубилејна изложба и одбележувањето 110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова. Јубилејните изложби секогаш се повод за констатација како нечие творештво на посебен и специфичен начин ја обележало својата епоха. Пишуваните текстови и […]
Фауната од колекцијата на Националната галерија
Изложба „Од поинаков дискурс“ Фауната од колекцијата на Националната галерија во објектот Мала станица, во четврток 7.12.2023, со почеток во 19:30 часот Второто издание на циклусот „Од поинаков дискурс“ е продолжение на првичната идеја за вклучување на лица, интелектуалци чија дејност не е тесно врзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со ко-куратор од галеријата ќе работат на тематика која ја задаваат, а е инспирирана од богатата колекција на Националната галерија. Целта […]
Изложба на Ешреф Ќахили во Чифте амам
Почитувани, Ве информираме дека на 5 ти декември 2023, со почеток во 19 часот, во импозантниот објект од исламската профана архитектура Чифте амам, при Националната Галерија, ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили, од Приштина (Република Косово). Ќе бидат изложени триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника. Изложбата е насловена Музеј на детството. Кустос на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос. Кон творештвото на Ешреф Ќахили […]
Изложбата „Париски рефлексии“ претставена во Офицерскиот дом во Битола
Ве известуваме дека во тек е изложбата „Париски рефлексии“, претставена во Офицерскиот дом во Битола, а организирана од Националната галерија и Францускиот културен центар во Скопје, Француската амбасада, Француската алијанса, Почесниот конзул на Франција во Битола. Изложбата има за цел да ги претстави проткајувањата на двете култури – француската и македонската – преку ликовната уметност, претставувајќи 35 дела на десетина најзначајни македонски автори од фундусот на Националната галерија, кои во своето творештво примиле влијанија, во […]
„Градина“ изложба на Ервин Ќатовиќ во Мала станица
Уште една изложба ќе биде поставена во Мала станица од 17 ноември 2023, со официјално отворање во 19 часот. Станува збор за претставување на Ервин Ќатовиќ, ликовен уметник и професор од Р. Србија. На отворањето пред публиката ќе се обрати директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими и кураторката Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. Самостојната изложба на ликовниот уметник Ервин Ќатовиќ, насловена „Градина“, во Националната галерија за првпат ни го открива неговиот […]
Томе Аџиевски со ONCE UPON A TIME IN THE EAST во Чифте амам
На 9 ноември, четврток, во 19:30 часот, во Националната галерија, во објектот Чифте амам, ќе се отвори најновата изложба на авторот Томе Аџиевски, насловена ONCE UPON A TIME IN THE EAST. Томе Аџиевски е еден од исклучително важните уметници на т.н. средна генерација македонски современи уметници кои се појавуваат во 90-тите години (дипломира на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во 1983 година). Со својот младешко-бунтовнички карактер и желбата за „револуционерни“ и брзи промени во […]
Изложба на Миле Корубин во Чифте амам
Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин (роден на 28 септември 1922 година во Прилеп, а починал на 13 септември 2000 година во Скопје), еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се базични поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи за чувањето и заштитата на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна визија, мисија и […]
Изложба на Симон Шемов во Даут пашин амам
„Сето време е сега“, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста. Вечноста не е физичко место, туку ментална состојба во која се размислува за секоја секунда од историјата како да се случува токму сега. Ова важи без разлика дали некој размислува за античка филозофија токму во овој момент […]
Изложба на Мирчо Матевски Рисимкин „Средба со историјата: една слика – една приказна“
Срдечно Ве покануваме на отворањето на изложбата Средба со историјата: една слика – една приказна на Мирчо Матевски Рисимкин во објектот Мала станица на 5.9.2023 во 20.00 часот. Да се зборува за оваа изложба, како и за севкупното творештво на Мирчо Матевски Рисимкин, значи да се нурне во историјата, во наследството, во духовното. Уште при првиот поглед на делата на Матевски Рисимкин се забележува неговата вљубеност во историјата. Уште од мал тој многу читал, […]