„Тишина“ на Зоран Тодовиќ во Чифте амам (поставка)

Уметникот Зоран Тодовиќ се претстави со проектот „Тишина“, кој е во целост замислен и инспириран од импозантниот објект Чифте амам, поточно се состои од повеќе инсталации специјално осмислени за овој простор. Промислувајќи ја елементарната намена за прочистувањето на мажите, како и на жените, изложбата зборува за чистењето на телото, но и чистењето на духот. Одредени елементи на проектот ја истакнуваат длабоката поврзаност на новонастанатото дело, локалната историја и богатството кое се негува и чува во […]

Отворање на изложбата на Зоран Тодовиќ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 19 септември се отвори самостојна изложба на авторот Зоран Тодовиќ (Србија), со наслов „Тишина“. Промислувајќи ја елементарната намена за прочистувањето на мажите, како и на жените, изложбата зборува за чистењето на телото, но и чистењето на духот. Одредени елементи на проектот ја истакнуваат длабоката поврзаност на новонастанатото дело, локалната историја и богатството кое се негува и чува во Чифте амамот.             […]

Димче Димески со „Критична маса ~ Првиот бран“ во Чифте амам

Димче Димески; Критична маса ~ Првиот бран Чифте амам, Отворање: 4 септември 2013, 20 часот 04-15.09.2013 На ден  среда 30 мај 2012 година, во 18.00 часот  Скопје за првпат се вклучува на велосипедската манифестација „ Критична маса“ која се одржува истовремено во 300 градови низ светот, за да се испрати една глобална порака на здружување на велосипедистите насекаде, во подобрување на сообраќајната култура. Самиот автор, како учесник, под импресии од тој урбан настан, ја развива […]

Беди Ибрахим со изложбата “Од приказните за амамот” во Чифте амам

Беди Ибрахим / Од приказните за амамот во Чифте амам Отворање: 3 септември 2013, 20 часот (03-16.09.2013) Чифте амам, еден од трите објекти на Националната галерија на Македонија, објект изграден во средината на 15 век, во својата првобитна намена бања, подоцна адаптиран во галериски простор, отсекогаш бил предизвик за излагање за современите уметници, а не ретко и инспирација за нивното творештво. Беди Ибрахим за својот проект за најновата изложба со наслов Од приказните за амамот е инспириран […]

„Копнеж по реалното“ – комплетна поставка

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Ви ја претставуваме комплетната поставка. Изложбата ќе може да ја проследите и во наредните 30-тина денови.

Свечено отворање на изложбата на Демир Бељуљи

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 јуни 2013 година во 12 часот се отвори изложба на Демир Бељуљи. Во присуство на бројната публика, изложбата ја отвори директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши. Изложбата е во организација на Скопско лето 2013.

Омаж за Димче Николов во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 јуни 2013 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Димче Николов (1953-1998), по повод 60 години од неговото раѓање. Димче Николов претставува значајна и клучна фигура во на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години на 20-от век, оваа уметност доби поинаква димензија и квалитет во Македонија. Тој даде свој значаен придонес во афирмирањето на […]

Отворена изложбата на Мајлинда Келменди во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вчера (среда, 22 мај 2013 година), во 20:00 часот се отвори изложбата на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Изложбата ја отвори директорката Халиде Палоши, пред бројните гости и посетители. Мајлинда Келмеди е родена во Тирана, а живее и работи во Приштина. Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Приштина и член на Косовската академија на науките и уметностите. Нејзиното творештво е излагано во бројни […]

„Скопје некогаш, сега и во иднина“ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 26 април 2013 година (петок) во 13 часот ќе биде отворена изложба на тема „Скопје некогаш, сега и во иднина“. На изложбата ќе земат учество учениците на возраст од 5-то до 8-мо одделение од сите основни училишта од градот Скопје, кои по претходно објавениот конкурс создадоа дела на тема “Скопје некогаш, сега и во иднина“. Младите автори за оваа изложба работеа во различни техники (цртеж, колаж, […]