Јубилејна изложба „90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“
Ве известуваме дека на 21.12.2023 година (четврток), во Националната галерија, објект Даут пашин амам, во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“. Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато творештво. Досегашните истражувања и анализи кои ги сумираме на едно место, односно негово критичко и […]
Ретроспективна изложба на Теофил Шулајковски Тофе во Чифте амам
На 15ти ноември 2022 (вторник) во Националната галерија, објект Чифте амам, со почеток во 20 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе Потегот со четка – налик на две трепкања со очите (кон ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе) Појдовен момент за организирање на изложба која има ретроспективен предзнак и е посветена на Теофил Шулајковски – Тофе (Дебар, 1934– Скопје, 2009), наш еминентен ликовен автор, е фактот што тој е […]
Изложба Есенција на егзистенцијата на 25 македонски современи уметници
Во галеријата Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 29 декември 2015 (вторник) во 20.30 часот ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници. Истата изложба во јуни 2015 година беше отворена во галеријата Лауба во Загреб каде имаше огромен интерес од публиката и стручната јавност, а за следната година пoстои интерес изложбата да патува и во други галерии и музеи од регионот. „Есенција на егзистенцијата“ е […]
Изложба на Марија Сотировска Богдановска – „Условен круг“
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 септември 2015 година (четврток), во 20:30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Марија Сотировска Богдановска под наслов „Условен круг“. Марија Сотировска Богдановска е родена во 1983 година во Скопје. Дипломира во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“, отсек сликарство, со насока конзервација и реставрација под менторство на проф. Благоја Маневски. Во 2011 година магистрира сликарство […]
Проектот МО(НУ)МЕНТ на Гоце Наневски во НГМ
На 21 јуни 2014 година, со почеток во 20:30 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија, на локација на ул. Јордан Мијалков (поранешна ул. Железничка) бр. 28, ќе биде презентиран проектот МО(НУ)МЕНТ на реномираниот македонски уметник Гоце Наневски. Проектот е составен од комплексен објект со димензии 5500 х 3295 х 2250 мм и видео проекции. Проектот „МО(НУ)МЕНТ“ е дел од програмските активности на НУ Национална галерија на Македонија за 2014 година и е […]