Ретроспективна изложба на Беди Ибрахим во Чифте амам
Изложба на уметникот Беди Ибрахим во објектот Чифте амам, ќе биде отворена на 28 октомври 2024 (понеделник), со почеток во 20 часот. Беди Ибрахим целиот свој живот го има посветено на ликовното творештво, како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена , создавајќи релевантни ликовни дела кои ја претставуваат Македонија на глобално рамниште, а своите длабоки творечки искуства како професор на ФЛУ на најпрофесионален и најревносен начин им ги пренесува на младите кадри, кои […]
Владимир Темков – Ретроспективна изложба во Чифте амам
Пред почетокот на летниот период го најавуваме 40-годишниот ретроспективен опус на Владимир Темков во Чифте амам. Отворањето на изложбата е закажана за 31 мај 2023 (среда), во 20 часот. Владимир Темков е присутен на македонската и тогашната југословенска ликовна сцена од 1980 година, и јубилејно 40 години од неговата прва самостојна изложба. Од тој период, па до денес, учествува на изложби во Македонија и тогашна СФРЈ, како и на многу меѓународни изложби, колонии, симпозиуми… Со […]
„Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на Нехат Беќири
„Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник Нехат Беќири. Особено задоволство е да се биде организатор и домаќин на проект во кој се сублимирани години работа, истражување и личен развој на полето на ликовниот израз. Станува збор за „Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник и универзитетски професор Нехат Беќири. Изложбата ќе биде поставена во објектот Чифте амам, а на отворањето закажано за 22 декември 2022 (четврток), во 19 часот, кога […]
Теофил Шулајковски Тофе – Ретроспективна изложба
Теофил Шулајковски – Тофе е роден во Дебар на 12.8.1934 година. Завршил Училиште за применета уметност, Педагошка Академија и Филозофски факултет во Скопје. Во текот на својот живот оставрил голем број на студиски престојувања во: Франција, Грција, Германија, Италија (стипендија на Фондацијата Моша Пијаде). Бил член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 1966 година. Починал во Скопје на 21.11.2009 година. Неговите дела денес се наоѓаат во приватни и јавни збирки не само во […]
Ретроспективна изложба на Теофил Шулајковски Тофе во Чифте амам
На 15ти ноември 2022 (вторник) во Националната галерија, објект Чифте амам, со почеток во 20 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе Потегот со четка – налик на две трепкања со очите (кон ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе) Појдовен момент за организирање на изложба која има ретроспективен предзнак и е посветена на Теофил Шулајковски – Тофе (Дебар, 1934– Скопје, 2009), наш еминентен ликовен автор, е фактот што тој е […]
Александар Кондев – Ретроспектива
Александар Кондев (1950) е еден од оние македонски фотоуметници, чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла кај нас и, слободно може да се каже, највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес. Неговото безмалу педесетгодишно присуство во сите перипетии на македонската фотографија е важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас. По силата на нештата, но и заради јасно изразената љубов кон фотографијата, релативно […]