Годишна програма на Националната галерија на РС Македонија за 2022 година

Почитувани љубители на уметноста, уметници, културни работници, медиуми, претставници на дипломатските тела, соработници од образованието и севкупниот општествен и политички естаблишмент, со надеж дека Ве наоѓам во добро здравје, дозволете најнапред да Ви се заблагодарам на сите подеднакво за целата поддршка во изминатата, исклучително тешка 2021 година. Во несекојдневен амбиент, Вашето присуство и ангажман ја одбележа изминатата година за успешна година, за што сите ние во Националната галерија се залагавме и сме особено горди. Во […]

Националната галерија трет пат по ред меѓу најдобрите на манифестацијата „Сајт на годината“

Националната галерија и годинава беше дел од манифестацијата и изборот на „Сајт на годината“ за 2021 година.   По освоените две први места во изминатите две години, во категоријата на владини/државни институции, годинава го освоивме високото 2 место.   Ви благодариме за поддршката, следете не’!   #sajtnagodinata21

Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам

Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност. Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20-от век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските […]

Слободен влез во објектите на Националната галерија еднаш месечно

НУ Националната галерија на РСМакедонија ги информира своите верни посетители, дека еден ден во текот на месецот ќе можат бесплатно да не посетат. Секоја последна СРЕДА во месецот ќе можете да ја посетите Националната галерија без за истото да платите влезница. Еве го списокот на дати со бесплатна посета.

Изложба „Процут на женственоста“ во Чифте амам

На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената. По овој повод Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба со посвета на овој ден и воедно, испраќа честитка до сите […]