Изложба на Златко Трајковски-Хинки во Мала станица
Изложбата на Златко Трајковски-Хинки ќе биде отворена на 8 октомври 2024 (вторник) со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица. Златко Трајковски-Хинки е еден од најзначајните уметници на македонската сцена, кој почна да работи во првата половина на 80-тите години од минатиот век. Тој период е пресвртница во размислувањата за уметноста и за тоа како таа во иднина би изгледала во Македонија, период кога се работи на посмодернизмот и новите медиуми. Тој е еден […]
„Сенки во облаците“ изложба на Емил Шулајковски
Во Чифте амам, на 1 октомври 2024 (вторник), во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Емил Шулајковски под наслов „Сенки во облаците“. Во најновата изложба на Емил Шулајковски под наслов „Сенки во облаците“ (2024), со која на извесен начин се одбележува и тридецениското творештво на овој автор, не може да се избегне импресијата според која тој својот карактеристичен ликовен ракопис го заснова и дефинира преку бојата како основен сликарски постулат. Како една од […]
Јубилејна изложба – 120 години од раѓањето на Томо Владимирски
Во Националната галерија, во објектот Даут пашин амам, на 5 септември 2024 година (четврток) со почеток во 20 часот, ќе се отвори јубилејната изложба, во чест на големиот Томо Владимирски. Македонскиот модернизам, чија основа ја поставија неколкумина претставници на првата, основоположничка генерација образовани македонски ликовни уметници, започнува да се следи од крајот на втората и третата деценија на минатиот век, преку активности и изложби кои почнуваат да го носат „новиот“ модерен дух на развиените европски […]
„Мистерија и индивидуализам“ на Синиша Новески во КИЦ Загреб
Самостојна изложба на ликовниот уметник Синиша Новески во Република Хрватска. Во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб, на 23 мај 2024 ќе се реализира самостојната изложба на уметникот Синиша Новески насловена „Мистерија и индивидуализам“. Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура. Отварање 23.05.20 ч.до 31.05.2024 г. Во изложбениот простор на информативниот центар ќе бидат претставени 12 скулптури, а на официјалното отворање на изложбата кое е закажано за 20ч ќе се […]
Самостојна изложба на Надја Розева во Чифте амам
На 11.04.2024 година, четврток, во 19:30 часот, во Чифте амам ќе биде отворена самостојна изложба на Надја Розева. На изложбата ќе бидат прикажани медални скулптури создадени во различни периоди, како и други дела на авторот. Изложбата ќе трае до 7 мај 2024 година. Националната галерија за прв пат ќе ги претстави уметничките медали на светски познатата медалистка Надја Розева. Изложбата е прва од ваков вид во нашата земја и ќе го насочи вниманието на јавноста […]
„Париски рефлексии 3“ во Чифте амам
Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје, во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на франкофонијата, со особено задоволство го најавува третото продолжение од циклусот изложби под наслов „Париски рефлексии“. Изложбата која го носи предзнакот 3 претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел […]
INTER SPEM ET METUM на 60. едиција на традиционалното Венециско Биенале
На последниот работен ден од 2023 година носиме убави вести. Ни претставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека и овој пат, довербата да бидеме носители на националното знаме на престижната манифестација со 120 годишна историја La Biennale di Venezia, ни беше доделена нам како институција по 9 пат. На 60. ликовна сесија на Венециското биенале 2024, Република Северна Македонија ќе биде претставена со проектот INTER SPEM ET METUM, (Помеѓу надеж и страв/Between hope […]
„110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова во Чифте амам
Национална галерија на РС Македонија има особена чест и задоволство да ја најави јубилејната изложба „110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова. Изложбата ќе биде отворена на 20.12.2024 година во 19 часот во објектот Чифте амам. Голем предизвик е организирањето јубилејна изложба и одбележувањето 110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова. Јубилејните изложби секогаш се повод за констатација како нечие творештво на посебен и специфичен начин ја обележало својата епоха. Пишуваните текстови и […]
Фауната од колекцијата на Националната галерија
Изложба „Од поинаков дискурс“ Фауната од колекцијата на Националната галерија во објектот Мала станица, во четврток 7.12.2023, со почеток во 19:30 часот Второто издание на циклусот „Од поинаков дискурс“ е продолжение на првичната идеја за вклучување на лица, интелектуалци чија дејност не е тесно врзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со ко-куратор од галеријата ќе работат на тематика која ја задаваат, а е инспирирана од богатата колекција на Националната галерија. Целта […]
Изложба на Ешреф Ќахили во Чифте амам
Почитувани, Ве информираме дека на 5 ти декември 2023, со почеток во 19 часот, во импозантниот објект од исламската профана архитектура Чифте амам, при Националната Галерија, ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили, од Приштина (Република Косово). Ќе бидат изложени триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника. Изложбата е насловена Музеј на детството. Кустос на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос. Кон творештвото на Ешреф Ќахили […]