За објавените конкурси на Националната галерија

Конкурсите кои Националната галерија на Северна Македонија ги објави пред еден месец, Конкурс за зрел уметник и конкурс за млад уметник предизвикаа голем интерес. До крајниот зададен рок (20 јули) на адресата на галеријата аплицираа 10 уметници на конкурсот за зрел уметник и 23 млади автори за другиот конкурс, за млад уметник. Особениот интерес го потврдува фактот дека на ликовната фела, после долг временски период им беше понуден професионален повик отворен за сите, чии селектори […]

Конкурс за зрел уметник

Националната галерија упатува отворена покана до визуелните уметници… На овој конкурс ќе може да се пријават сите уметници над 35 годишна возраст со постојано место на живеење на територијата на Р.С.Македонија (од најмалку три години). Проектот ќе треба да го реализираат во мултимедијалниот објект Мала станица во ноември – декември 2020 година. Уметникот/уметницата кој/а ќе биде избран/а да ја реализира изложбата ќе добие 50.000 денари хонорар за изработка на делото, и буџет од 100.000 денари […]

Конкурс за млад уметник

Националната галерија со отворена покана за реализација на изложба на млади визуелни уметници . На овој конкурс ќе може да се пријават уметници до (и) 35 годишна возраст (до денот на пријавувањето на конкурсот да немаат повеќе од 35 години), со постојано место на живеење на територијата на Р.С.Македонија (од најмалку три години). Повикот е за сите млади уметници кои имаат идеја да реализираат проект во мултимедијалниот центар Мала станица, во периодот окт-ное 2020 година. […]

Програма на Националната галерија за 2020 година

Почетокот на 2020 година работата на Националната галерија, како и кај сите светски музеи и галерии, се базираше на интерактивни содржини на електронските медиуми и социјалните мрежи. Затекнати во услови на светска криза на културна понуда направивме презентации на ремек делата од нашата Колекција со различен тематски пристап. Го одржуваме контакот со публиката анимирајки ја со поинаков пристап диктиран од реалните, тековни услови и можности. Сепак, неминовно беше да пристапиме кон реализација на програмските содржини […]

Изложба на Џељош Џокај во Мала станица

Изложба на црногорскиот уметник Џељош Џокај, на 20 декември 2019, во 20 часот, во Мал станица. Џељош Џокај е црногорски уметник со албанско потекло, кој припаѓа на генерацијата на уметници на Владимир Величковиќ и Душан Џамоња, генерација која не сака да заборави и се раздели од претходната, од надреалистичката, т.е онаа на Ступица и од апстрактната на Лубарда. Блиска му е естетиката на руралниот социјален реализам, а потоа и онаа на градскиот метафизичар Хегедушиќ, со […]

Изложба „Свадбен пат“ нa Кристина Пулејкова

Изложбата „Свадбен пат“ на авторот Кристина Пулејкова, ќе се отвори во четврток (19 декември) во 19 часот, во Чифте амам, во скопската чаршија. За изложбата кураторот на истата, вишиот кустос Ана Франговска, вели: Концептот околу кој се дефинира и обликува наративот на проектот е приказната за европската јагула, која е ставена на листата на загрозени видови, а паралелно на европската јагула, Пулејкова локално, ја вклучува и охридската јагула, која природно се вбројува во редот на […]

Изложба на Кристина Пулејкова во Чифте амам

Изложбата „Свадбен пат“ на авторот Кристина Пулејкова, ќе се отвори во четврток (19 декември) со почеток во 19 часот, во објектот Чифте амам, во срцето на Скопската чаршија. За изложбата кураторот на истата, вишиот кустос Ана Франговска, вели: Концептот околу кој се дефинира и обликува наративот на проектот е приказната за европската јагула, која е ставена на листата на загрозени видови, а паралелно на европската јагула, Пулејкова локално, ја вклучува и охридската јагула, која природно […]

Изложба на црногорскиот уметник Џељош Џокај

Изложба на црногорскиот артист Џељош Џокај во Мала станица, на 20 декември (петок) во Мала станица, од 20 часот… Џељош Џокај е црногорски уметник со албанско потекло, кој припаѓа на генерацијата на уметници на Владимир Величковиќ и Душан Џамоња, генерација која не сака да заборави и се раздели од претходната, од надреалистичката, т.е онаа на Ступица и од апстрактната на Лубарда. Блиска му е естетиката на руралниот социјален реализам, а потоа и онаа на градскиот […]

Изложба „Мустаќлии“ во Мала станица

Изложбата ќе се отвори на 14 ноември, со почеток во 20 часот, во Мала станица… Во пресрет на месецот ноември, или во контекст на месецот на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање на мустаќи кај мажите – Movember, Националната галерија ја организира изложбата насловена „Мустаќлии“ на дела од нејзината богата колекција. Имено, оваа изложба е првото издание на проектот „Од поинаков дискурс“ кој има за цел да вклучи интелектуалци чија […]

За неа – Oд колекцијата на НГМ

Изложбата – За неа / Për të / About Her  (Дела од колекцијата на НГМ кои се со тематика на приказ на жената како инспирација) Соочени со темите од историјата на уметноста каде жената е постојано присутна, од предисторијата преку антиката, хуманизмот и ренесансата, па се до модернизмот и рецентноста, во македонската и регионалната модерна и современа уметност среќаваме сцени каде жената е непресушна инспирација за уметниците. Националната галерија на Македонија по повод 8ми март […]